fbpx

SsangYong објави тизер за електричниот кросовер E100

Јужнокорејскиот SsangYong со два фабрички цртежи го најави својот целосно електричен кросовер кој сега е познат под кодното име E100

Двата официјални цртежи кои ги објави SsangYong за својот електричен кросовер E100, откриваат неколку промени во споредба со конвенционалниот SsangYong Korando, а најголемата е затворената предна решетка што е типично за електричните возила. Предниот дел исто така има нешто поинаков дизајн и го користи логото за корејскиот пазар на компанијата.

Причината поради која моделот на цртежите е прикажан со корејското лого е поради тоа што електричниот E100 најпрво ќе се појави на матичниот пазар. Долната решетка исто така е затворена, а браникот е редизајниран во однос на конвенционалниот Korando, на кого е базиран електричниот кросовер.

Во краткото соопштение објавено заедно со фотографиите, од SsangYong велат дека предниот капак е направен од алуминиум со цел да се заштеди на тежина и да се оптимизира центарот на гравитација. Автомобилскиот производител додава дека затворените предни решетки се со цел да се максимизира енергетската ефикасност. SsangYong исто така вели дека присвоиле биомиметриски пристап од природата користејќи ја како инспирација формата на перката на ајкулите за минимизирање на воздушниот отпор.

Развиван под името Korando E100, електричниот кросовер ќе биде лансиран со единечен електромотор кој испорачува 191 КС. Ова најверојатно значи дека автомобилот ќе има погон на две тркала. Моќноста ќе се добива од 61,5 kWh батерија од LG Chem што ќе овозможи возачка автономија од 420 километри според NEDC. Ова значи дека може да се очекува реален опсег од 322 километри.

Минатата година од SsangYong истакнаа дека електричниот Korando ќе го има најдоброто забрзување во класата, иако максималната брзина се очекува да биде скромни 153 километри на час, со цел да се спречи брзо празнење на батеријата.

Поврзани вести

Back to top button