BMW го откри изгледот на Серија 5 со M Performance компоненти
Кратко откако освежените BMW Серија 5 и M5 беа претставени пред јавноста, голем број на M Performance компоненти беа најавени за премиум седаните
Во BMW не губеа време, па кратко откако ги претставија редизајнираните модели на купувачите им понудија богат асортиман на делови и компоненти зад кои стои одделот M Performance. Поголемиот дел од овие делови се изработени од лесен карбон, а за предниот дел на располагање се карактеристичен дифузер и декоративна предна решетка од карбон во сјајна црна боја.
M Performance подготви и карбонски куќишта за ретровизорите, облоги за праговите, црни или сребрени ленти за Серија 5, односно апликациите за каросеријата во боите кои со години се симбол на М одделот за M5 и M5 Competition. Тука се и задниот дифузер, браник и спојлер кои можат да се нарачаат во различни форми и со различни детали, како и завршетокот од издувниот систем кој може да биде изработен од карбон или со хромиран финиш.
Промените во внатрешноста вклучуваат поинаков мултифункционален управувач, кој може да се добие во комбинација на карбон и алкантара, или карбон и кожа за Серија 5. M5 и M5 Competition можат да бидат опремени со ексклузивен Pro управувач и карбонски менувач. На крајот, тука се и M Performance патосниците и педалите од нерѓосувачки челик.
М5 и М5 Competition моделите можат да бидат опремени со М Performance спортските сопирачки, спортскиот систем на потпирање и M Performance карбонската прекривка за моторот. Дизелските модели на Серија 5 исто така можат да добијат M Performance издувен систем.
За стандардната Серија 5, тука се и четири типа на тркала, кои варираат од 19 инчи во Jet Black боја, до двобојни 20-инчни М Performance тркала. M5 и M5 Competition моделите имаат сет ексклузивни 20-инчни тркала со Ferric Grey мат финиш.
Најголемиот дел од M Performance деловите ќе бидат достапни за семејството на Серија 5 веднаш по лансирањето на автомобилот на пазарот.