Lamborghini официјално го претстави Essenza SCV12
Мотоспорт дивизијата на Lamborghini, Squadra Corse, официјално го промовираше новиот тркачки автомобил Essenza SCV12 базиран на Aventador
Lamborghini Essenza SCV12 е дизајниран од страна на Centro Stile Lamborghini, а меѓу останатото има и аеродинамички пакет инспириран од тркачкиот Huracan GT3. Аеро китот меѓу остантото опфаќа и поинаков преден спојлер, нова хауба, отвор за воздух на покривот и подесувачки заден спојлер направен од карбон.
Идните купувачи ќе добијат можност да се најдат во ексклузивен камп каде што ќе добијат пристап до специјални Lamborghini програми почнувајќи од следната година. Секој сопственик на Lamborghini Essenza SCV12 ќе добие и бесплатен склад во нов хангар направен во Сант’Агата Болоњезе, кој содржи и веб камери со што автомобилите можат да бидат надгледувани 24 часа на ден користејќи апликација. Инаку, треба да се напомене дека ова е првиот GT автомобил кој е развиен според правилата за безбедност на FIA.
Во пакетот се и монокок шасија од карбон, модифициран систем на потпирање, Squadra Corse издувен систем, како и магнезиумски тркала од 19 и 20 инчи кои се обвиени со Pirelli гуми, а зад нив се поставени Brembo кочници.
Внатрешноста се одликува мултифункционалниот управувач, неколку тркачки седишта од карбон, како и површини обвиени со алкантара и карбон.
Lamborghini Essenza SCV12 се напојува со 6,5-литарскиот V12 мотор, кој во овој случај испорачува 830 КС, а доаѓа во комбинација со нов шестстепен Xtrac секвенцијален менувач. Од Lamborghini наведуваат дека односот сила-тежина изнесува 2 kg по 1 КС, што значи дека тежината на возилото е нешто над 1.600 килограми.
Автомобилот ќе биде произведен во серија која ќе биде ограничена на само 40 примероци, додека цената во кратката вест на Lamborghini не се открива.