Томас Шафер е новиот извршен директор на Škoda
Škoda назначи нов извршен директор кој ќе го замени Бернхард Мајер, а неговото име е Томас Шафер, поранешен шеф на Volkswagen групацијата во Јужна Африка
Имајќи ги предвид резултатите кои ги бележеше чешката марка во континуитет во изминатите години, принудното заминување на Бернард Мајер беше навистина изненадување. Неговата замена е Томас Шафер, кој ќе ја преземе функцијата на Претседател на Бордот во Škoda Auto. Шафер е дел од Volkswagen групацијата од мај 2012 година, каде што беше предводник на интернационалното производство на компанијата и беше одговорен за xKD проектите и преговорите за нови производствени погони.
Од 2015 година, тој ја има функцијата на претседател и директор на Volkswagen групацијата во Jужна Африка, со задолжение за развој на брендовите на групацијата во суб-сахарскиот африкански регион. За време на неговиот престој таму, тој ги одведе Volkswagen, Audi и комерцијалните возила на Volkswagen до актуелниот рекорден удел на пазарот од 23,5 проценти.
After 5 years of pioneering progress, it is with a heavy heart that we bid farewell to Volkswagen Group South Africa (VWSA) Chairman & Managing Director Thomas Schaefer.
He is now the Global CEO for @skodaautonews.
Auf Wiedersehen, Nkokheli!https://t.co/hgeBMBJIE7 pic.twitter.com/wJ5tyGJs1y— Volkswagen Group Africa news (@VWGAnews) August 3, 2020
Пред неговото пристигнување во Volkswagen групацијата во 2012 година, Шафер работеше во Daimler каде што ја започна својата кариера во автомобилската индустрија во 1991 година. До 2002 година има неколку менаџерски позиции во областа на производството и менаџментот на квалитет во Германија, САД и Јужна Африка. Од 2002 до 2005 бил еден од основачите на DaimlerChrysler Малезија како член на бордот за технологија. Од 2005 до 2012 работел за Daimler во Германија, а во 2011 година неговото главно задолжение било менаџирањето на изградбата на фабриката на Mercedes-Benz во соработка со BAIC во Кина.
Засега, не се познати плановите на Шафер кога станува збор за неговите планови за Škoda и не е познато што неговото назначување ќе значи за насоката на чешкиот производител.