fbpx

Novitec подготви нов тјунинг пакет за McLaren GT

Познатата тјунинг компанија Novitec ја зголеми моќноста на моторот кој го напојува McLaren GT, а направени се и уште неколку промени во целиот пакет

Тјунерот Novitec лансираше нов опсег на афермаркет делови за McLaren GT, кои го покриваат секој поважен дел од автомобилот, почнувајќи од засилениот екстериер, преку персонализираниот кокпит, па се до поголемата моќност на возилото.

Така, 4,0-литарскиот битурбо V8 мотор сега може да произведе до 707 КС и 714 Nm максимален вртежен момент во најмоќниот од трите достапни пакети на Novitec. Ова е зголемување за 85 КС и 84 Nm во однос на стандардниот модел. Благодарение на поголемата моќност, од нула до „стотка“ автомобилот стигнува за 3 секунди, а максималната брзина е 333 километри на час.

На автомобилот може да се најде и високоперформансен издувен систем, заедно со нов body kit, кој е развиен во воздушен тунел за поголема аеродинамика. Карбонските аеродинамички засилувања вклучуваат и нов преден спојлер, рамки од отворите за воздух, три-делен заден спојлер и друго…

Novitec го спушти автомобилот за 25 милиметри „без притоа да има ефект на релативно високиот возен квалитет на McLaren GT“, велат од тјунерската компанија. Сето тоа благодарение на спортскиот систем на потпрање, а сепак ќе биде оставен простор за дополнителна персонализација кога станува збор за тркалата.

Novitec

На крајот, кокпитот е претапациран со фина кожа и алкантара, а ентериерот може да се направи во било која боја. Така, за вистинската сума, заинтересираните купувачи ќе можат да си добијат уникатна комбинација која нема да може да се најде во ниту еден друг McLaren GT.

Поврзани вести

Back to top button