EICMA 2017: Кијану Ривс претстави три нови мотоцикли Arch
Холивудската ѕвезда Кијану Ривс е страствен обожавател на мотоциклите, а неговите верни фанови знаат дека тој е пред голем предизвик да влезе во компанија за производство на машини на две тркала
Приказната е за страста кон двотркалците на Ривс е повеќе од позната, а започна се во 2007 година, кога Кијану се здружува со сопственикот на калифорниската тјунинг компанија Chop Rods, Гардето Холингер, со идеи за доста промени во неговиот нов Harley-Davidson. Излезе дека промените на моторот одземаа многу време, поточно 4 години, а резултатот од ова многу му се допадна на актерот, по што тој им понуди на Chop Rods да започнат сериско производство на овој практично нов мотор. Така се роди мотоциклистичката компанија Arch Motorcycle. Првиот модел е Arch KRGT-1, кој од 2015 година се произведува само по барање на клиентите, а цената му започнува од 78.000 долари. Мотоциклот доби 2,0-литарски мотор S&S, тркала од јаглеродни легури, алуминиум во рамката и природно, составувањето на секој еден модел е рачно.
Компанијата се развива добро, бидејки на овогодинешното издание на EICMA во Милано, Arch се претстави со три нови мотоцикл. Првиот од нив е нова генерација на KRGT-1. Сепак, станува збор за сериозно преработка на првиот модел на марката – подобра ергономија, засилени сопирачки кои работат со ABS, услов за европскиот пазар, што значи дека Arch веќе има претставник и на Стариот континент. Вториот е Arch 1s, а станува збор за еволуција на KRGT-1, но со многу агресивна позиција за возачот, задна единечна суспензија и многу карбонски елементи.
Што се однесува до Arch Method 143, креаторите тврдат дека станува збор за концептен мотоцикл со работна зафатнина на моторот од 2343 кубици. Практично целиот мотоцикл е изработен од јаглеродни легури, а единствен исклучок е моторот. Сеуште не се знае кога новите мотори ќе излезат на пазарот, но е познато дека Method 143 ќе биде произведен во само 23 примероци, а се очекува неговата цена да е има шест цифри.
И во Милано Arch демонстрира уште една од предностите во однос на конкуренцијата – лично Кијану Ривс ги претстави новите мотоцикли на брендот.