fbpx

Formula 1 дефинитивно ќе има 17 трки во 2020

Раководството на Formula 1 донесе одлука за конечно и дефинитивно „затворање“ на календарот за 2020 година

По одржани 13 трки во Европа, сезоната во најбрзиот циркус на планетата ќе продолжи со уште четири трки на Блискиот Исток, со што ќе се заокружи годинашниот Formula 1 шампионат.

Најдобрите возачи на денешницата на 15 ноември ќе учествуваат на Големата награда на Турција, а до крајот на шампионатот во календарот се и уште две трки во Бахреин, кои ќе се одржат на 29 ноември и 6 декември, како и завршната етапа во Абу Даби на 13 декември.

Засега нема официјална потврда на оваа информација, но Motosport тврди дека ако истата биде потврдена, во 2020 година ќе се одржат вкупно 17 трки, што се вклопува во изворниот план на раководството на Formula 1 за одржување меѓу 15 и 18 тркачки викенди, со што шампионатот би бил легитимен.

Исто така, бројката од најмалку 15 трки се посочува како клучна со цел носителите на ТВ правата да ги исплатат комплетните суми за кои се обврзани според договорот, па со 17 трки се овозможува простор за секој случај доколку една или две трки сепак бидат откажани поради пандемијата на Covid-19.

Со најавувањето на датумите за Големата награда на Емилија-Ромања во Имола на 1 ноември, Formula 1 се обидува да „украде“ време за да го финализира календарот по губењето на сите трки во Северна и Јужна Америка. Поради пандемијата на коронавирусот, откажана е и трката во Австралија.

Инаку, во досегашниот дел од шампионатот, актуелниот шампион Луис Хамилтон е лидер по шест трки со 132 бода, пред Макс Верстапен кој има 95 и Валтери Ботас со 89 бода. Следната трка е на 30 август за Големата награда на Белгија.

Поврзани вести

Back to top button