Продажбата на автомобили ќе опадне во следните 20 години
Продажбата на нови автомобили низ целиот свет ќе се намали во текот на следните 20 години, бидејќи потрошувачите повеќе ќе се фокусираат на услугите за споделување и слични платформи, според една студија на HIS Markit
Во моментов, на најголемите пазари во светот, во САД, Европа, Кина и Индија, се продаваат околу 80 милиони нови автомобили, а оваа бројка се очекува да падне на 54 милиони во наредните 23 години. Друг важен заклучок од студијата, спротивно на предвидувањата на голем број експерти за сосем поинакво сценарио, е дека во 2040 година повеќе од 80 проценти од продадените автомобили на овие четири пазари ќе користат мотор со внатрешно согорување – бензин или дизел, од кои некои како дел од хибридниот систем.
Според истражувањата во 2040 година продажбата на електрични возила ќе биде 19% од овие пазари. Оваа прогноза е темелена и од истражувањето на Boston Consulting, според кое во 2030 година производството на електрични возила ќе изнесува околу 14% од сите произведени автомобили во светот. Plug-in хибридите ќе имаат 24% од пазарот на автомобили во 2040 година во овие четири региони. Останатите 62% од пазарот остануваат за класичните бензински и дизел автомобили.
Според авторите на студијата, интересот на потрошувачите во електричните возила ќе продолжи да расте заедно со намалувањето на нивните цени. Сега еден киловат час на батеријата за електричен автомобил чини 200 долари, што е основа на нивните високи цени. Производителите на автомобили треба да ја намалат таа цена до 100 долари со цел да се борат против цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Се очекува дека ова ќе се случи помеѓу 2030 и 2040 година. Во 2040 година, според анкетата, бизнисот поврзан со разни форми на заеднички патувања со автомобили ќе обезбеди набавка на над 10 милиони нови автомобили.
Неговите автори велат дека за 23 години ќе видиме најголем број на луѓе кои користат автомобили, но ќе се намали бројот на сопствениците на возилата. Со намалување на продажбата на автомобили нема да се намали побарувачката за нафта. Се очекува да порасне од 98 милиони барели дневно, како што е сега, до 115 милиони барели во 2040 година, а растот ќе доаѓа од нетранспортните индустрии. Сега една третина од светското производство на нафта оди за производство на гориво за патнички автомобили низ светот.