fbpx

Нема редизајн за BMW X5, преминува кон нова генерација

Сегашната генерација на моделот се појави во 2014 година и според новите информации од различни извори, нема да биде надградена, туку директно ќе се пристапи кон развој на сосема нова

Верувале или не, BMW X5 е на пазарот веќе скоро 20 години.

Наместо дотерување, во 2019 година, по повод 20-годишнината на X5, третата генерација на луксузниот SUV ќе се здобие со комплетен редизајн и сосема нова платформа. Практично автомобилот ќе го видиме уште во текот на летото на следната година, а продажбата ќе започне во есента на 2019-та. Производството на сегашниот модел ќе заврши во јуни или јули 2018 година.

X5

Новата генерација ќе добие CLAR-платформа, која Баварците веќе ја користат за моделите од Серија 5 и 7. Архитектурата може да користи еден куп мотори – од четирицилиндерски до V12, како и хибридни верзии.

Поврзани вести

Back to top button