fbpx

Rolls-Royce Ghost официјално дебитираше

По нешто подолгата тизер кампања, новиот Rolls-Royce Ghost официјално претставен со еволутивен дизајн и неколку нови карактеристики

Rolls-Royce Ghost е поставен на флексибилна алуминиумска архитектура како што е случајот и со Phantom и Cullinan. Кога станува збор за Ghost, голем дел од елементите на платформата мораа да бидат репозиционирани со цел да се пресретнат барањата на ексклузивните клиенти на британската компанија, со цел да се осигураат дека Ghost нуди врвен комфор и уживање при возењето.

Rolls-Royce Ghost

Луксузниот автомобил се напојува со 6,75-литарски турбо V12 мотор кој испорачува 563 КС и 627 Nm максимален вртежен момент. Од Rolls-Royce велат дека овој мотор нуди максимален вртежен момент од само 1.000 вртежи во минута и користи карактеристичен пренос во вентилацискиот систем за да ги намали несаканите звуци на моторот во кабината. Моќноста се испраќа на сите четири тркала преку осумстепениот ZF автоматски менувач кој се карактеризира со сателитски помогната трансмисија, односно користи GPS податоци за да ја обезбеди оптималната брзина за автомобилот во свиоците.

Rolls-Royce Ghost

Rolls-Royce дополнително ги разви своите препознатливи самозатворачки врати, кои сега им овозможуваат на сопствениците да ги отвораат истите многу полесно благодарение на асистенцијата при отворање. Со допир на копчето поставено на внатрешната рачка, вратата се затвора автоматски. Исто така, тука е и новиот аудио систем, како и новиот „ѕвезден покрив“ во внатрешноста.

Rolls-Royce Ghost

Во споредба со актуелниот Ghost, новиот модел е подолг за 89 милиметри, односно е долг 5.546 милиметри и е 30 мм поширок и изнесува 1.978 милиметри. Во внатрешноста, Rolls-Royce разви високо звучно изолирана сценa која компонентите кои генерираат речиси незабележлив звук се откриваат и модифицираат.

Новиот Ghost содржи унапредени системи како што е асистенција за прегледност со дневна и ноќна асистенција за пешаци, систем со четири камери и панорамски поглед, активна cruise контрола, предупредување за судир, систем за одржување на коловозна лента, Wi-Fi hotspot и автономно паркирање.

Почетната цена на новиот Rolls-Royce Ghost во Велика Британија изнесува 208.000 фунти.

Поврзани вести

Back to top button