fbpx

Претставена освежената Hyundai Kona

Јужнокорејскиот производител ги претстави освежената Hyundai Kona и новата Kona N Line

Најголемиот дел од формата на освежената Hyundai Kona останува слична со актуелниот модел. Сепак неколку промени се направени кај малиот кросовер. Овие промени се особено забележливи на предниот дел каде што Hyundai ги постави редизајнираните LED дневни светла, а притоа постави и нов долен браник и целосно нова решетка. Исто така, сега и хаубата е нешто подолга. Тука се и новите предни светла.

На задниот дел освежената Kona доби нови задни светла со поинаква графика, како и карактеристичен заден браник. Во понудата сега влегуваат и тркала со големина од 16, 17 и 18 инчи.

 

Кога станува збор за Kona N Line, Hyundai направи неколку уникатни стилски елементи кои прават овој модел да отскокнува во однос на регуларната верзија. На предната страна се наоѓа нов браник, а над решетката се поставени три суптилни отвори за воздух. Тука се и посебно дизајнираните тркала, а на задната страна се истакнуваат двојните завршетоци на издувните цекви, како и црниот дифузер.

 

Освежената Kona пристигнува и со неколку промени кај моторните единици. На врвот на понудата е засилениот 1,6-литарски T-GDI Smartstream мотор. Тој испорачува 194 КС и е во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка. Овој мотор ќе се нуди во комбинација со погон на две или на сите четири тркала.

Во понудата е и 1,6-литарскиот Smartstream дизелски мотор со 48-волтна блага хибридна технологија. Овој склоп нуди 134 КС и може да биде во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка или со шестстпениот iMT менувач на Hyundai. Како опција се нуди и погон на сите четири тркала.

Hyundai Kona

Базичниот модел пристигнува со 1,0-литарскиот T-GDI Smartstream бензински мотор со 118 КС кој може да биде опремен со 48-волтна блага хибридна технологија и 6iMT менувачот на Hyndai. Доколку купувачите не сакаат хибридна верзија, ќе можат да бираат меѓу седумстепен менувач со двојна спојка или шестстепен мануелец со опција за погон на четири тркала.

На крајот, тука е Hyundai Kona Hybrid кој комбинира 1,6-литарски GDI мотор со електромотор кои заедно испорачуваат 138 КС. Овој модел пристигнува со батерија од 1.56 kWh, шестстепен менувач со двојна спојка и погон на предните тркала.

Hyundai Kona

Серијата унапредувања кај освежената Hyundai Kona завршуваат со внатрешноста. Kona пристигнува со 10,25-инчен дигитален инструмент кластер. Како опција се нуди и 10,25-инчен екран од инфозабавниот систем кој вклучува и split-screen функција. Меѓу останатите унапредувања тука се и амбиенталното осветлување, неколку нови бои и материјали. Секако, тука се и безбедносните и системите за асистенција на возачот, меѓу кои и асистенција за слепа точка, паметна cruise контрола, Stop & Go функција, асистенција за следење на коловозна лента, интелигентен систем за предупредување на брзинско ограничување и друго.

Освежената Hyundai Kona ќе пристигне во европските продажни салони кон крајот на годината. Следната година ќе пристигне и plug-in хибридната варијанта.

Поврзани вести

Back to top button