Lexus LC 500h во Скопје
Кога во 2012 година, Lexus ја претстави својата визија за иднината LF-LC, скептиците велеа дека ова тешко може да се направи и како многу други концепти ќе отидат во неповрат
Имавме ретка прилика да седнеме зад управувачот на луксузната спортска лимузина Lexus LC 500h, која за жал е на „пропатување“ низ Македонија, со цел нејзино промовирање во регионов, па немавме многу време да и се восхитуваме како што заслужува. Во Lexus, поточно тимот на Који Сато, не го делеше мислењето за LF-LC, го прифатија предизвикот и наскоро на пазарот лансира сериска верзија на прекрасното купе LC.
Станува збор за врв во понудата која за задвижување ја користи последната генерација на Multi Stage хибридниот состав, кој за ова остварување комбинира 3.5 V6 Dual VVT бензински агрегат и два електрични мотори, кои заедно развиваат 359 коњски сили. За напојување на електромоторите се користи литиум-јонска батерија, тешка само 50 килограми и за 20% помала од досега користената за хибридните изданија на луксузната марка, nikel-hybrid. Кон ова ни беше посочено дека самиот погонски состав му овозможува на автомобилот многу подобри динамички својства и перформанси, а сега управувајќи го моделот можевме во целост во тоа и да се увериме. Благодарејќи на прилагодливиот автоматски менувач, солидниот вртежен момент од 348 Nm, автомобилот до стотка забрзува за 5 секунди, а максималната брзина е 250 km/h.
LС 500h e надграден на Lexus Global Arhitecture платформата, а во конструкцијата се употребени високо квалитетен челик, алуминиум и композитни материјали од јаглеродни влакна. Голем број елементи од алуминиумот се поставени и во каросеријата на автомобилот за да се намали тежината до максимум. Предниот капак, браниците, надворешните панели на вратите и предните амортизери се изработени од овој материјал, или негови легури. Покривот е направен од јаглерод, а капакот на багажникот е од композитен материјал, кој се состои од јаглеродни влакна и честички од стакло. Сето ова е монтирано на алуминиумски тркала од 21 инч, кои уште повеќе ја намалуваат тежината. Lexus Dynamic Handling и сигурносниот состав Safety System+ одработуваат голем дел од работата, па во кабината се чуствувате крајно удобно. Пријатно се минуваат километрите со оваа 5.235 mm долга, 1.900 широка и 1.450 висок и меѓуоскино растојание од 2.870 милиметри. Мора да се напомене дека навистина комфорот изненадува и покрај фактот што според декларираното се работи за класична купе верзија со две врати и со 2+2 седишта.
Omotenashi, јапонскиот концепт на гостољубивост, е комплетно искористен во внатрешноста на возилото, односно се водело крајно сметка за потребите на возачот и патниците тие да се чуствуваат удобно и сигурно. Веднаш штом ќе седнете зад управувачот ќе го почувствувате интелигентниот пристап кон ергономијата на патничкиот простор. Сите копчиња во LC се наоѓаат токму онаму каде што очекувате, инспиративна доверба и желба за задоволство при возењето. Ниско поставената хауба и инструмент таблата обезбедуваат одлична видливост за возилото.