Брекзит ќе го погоди производството на Honda и Aston Martin
Honda и Aston Martin ги предупредија британските власти дека може да се наметнат катастрофални проблеми, дури и прекин на производството на автомобили по Брекзит, ако земјите од ЕУ автоматски престанат да ги преземаат сертификатите на автомобилите произведени на Островот
Условите за заминување од ЕУ од страна на Велика Британија ќе мора да вклучуваат и спогодби за т.н. „одобренија” за произведените автомобили на Островот кои се продаваат на пазарите на земјите-членки на Унијата. Од Европа веќе дојде предупредување дека британските документи за спецификација на возилата нема да се признаваат. Овој проблем може многу да влијае, на скромното по волумен на производство на Aston Martin, чии автомобили и онака се скапи, а над 80% се пласираат надвор од државата.
Фабрики во Велика Британија имаат уште Honda, Toyota и BMW, па веќе и овие компании исто така се обидуваат да ги убедат локалните власти дека треба да се договорат за минимални давачки или „комерцијална граници“ со европските земји. Од Honda веќе изјавија дека компанијата нема да може да си дозволи 10% зголемување за извоз на автомобили од Велика Британија кон ЕУ, ако земјата се врати на правилата на Светската трговска организација по Брекзит. Од јапонската компанија се на мислење дека овој проблем треба да биде решен до месец март следната година, бидејки Брекзит е закажан за април 2019.