Audi подготвува нови plug-in хибриди, доаѓа и RS модел
Audi потврди дека работи на подготовка на нови plug-in хибридни модели, а еден од нив би можел да пристигне во RS варијанта
На германскиот пазар Audi во моментов продава plug-in верзии на Q5, Q7, A6, A7 и A8, a за време на едно неодамнешно интервју, техничкиот проект менаџер за електрификација на Audi, Бернхард Декер, изјави дека нова генерација на plug-in хибриден А3, како и Q4 хибрид се во подготовка.
„Навистина сум среќен да најавам оваа година дека ќевидиме голем број на нови автомобили – особено во компактниот сегмент. Тоа е A3 plug-in хибриден модел и нашиот компактен SUV, Q3, ќе пристигне како plug-in хибрид на пазарот. Потоа, оваа година ќе ја комплетираме понудата на врвот во сегментот на спортски SUV модели, бидејќи исто така ќе го донесеме и Q8 на пазарот како plug-in хибрид“, изјави Декер.
Декер исто така додаде дека Audi не ги гледа хибридите како транзициска технологија на патот кон целосна електрификација и верува дека тие ќе останат тука уште долго време.
„За нас, plug-in хибридите се сѐ освен транзициска технологија. Ова е технологија која ќе остане и трае, а исто така е и разумен додаток во нашиот опсег на погони, бидејќи на крајот од денот, за C02 неутрална мобилност, ова е клучната компонента“, потврди тој.
Кога станува збор за иден Audi RS модел со plug-in хибридна технологија, Декер индицираше дека е во изработка, но не сакаше да открие повеќе информации. „Ова се навистина родени и чистокрвни RS модели кои ќе пристигнат со plug-in хибриден систем“.
Се уште е нејасно кој Audi RS модел ќе биде првиот кој ќе добие PHEV технологија, но најверојатно ќе станува збор за некој од премиум моделите на германскиот производител.