fbpx

Иџе триумфираше на Валелунга

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе имаше успешен викенд на патеката Валелунга во Италија во рамките на TCR шампионатот

Иџе забележа одлични резултати за време на викендот на славната патека Валелунга во TCR шампионатот, откако за време на втората трка успеа да ги совлада своите италијански ривали на патеката и на крајот се радуваше на големата победа.

Стефановски ја стартуваше трката од седмата позиција, меѓутоа со своето одлично возење уште од самиот старт, на крајот успеа да триумфира и да забележи голем успех и да го развее македонското знаме највисоко на подиумот во Италија. Ова е првата победа за Иџе во новата сезона од TCR шампионатот и втор подиум, откако претходно се беше второпласиран на трката во Имола.

Игор Стефановски триумфираше со 9,128 секунди подобро време во однос на второпласираниот Алесандро Џардели, а на подиумот се искачи и Јакопо Гуидети.

Стефановски преку својот Instagram профил ја посвети победата на неговиот тим и на цела Македонија, заблагодарувајќи се за поддршката.

https://www.instagram.com/p/CFXcaV3MiuB/

Инаку, Иџе на првата трка која се возеше во саботата, нашиот автомобилист успеа да го освои седмото место. Заедно со новите 25 бода кои ги освои благодарение на победата, тој забележа мошне успешен викенд и дојде до 10-тото место во генералниот пласман. До крајот на шампионатот остануваат уште два викенди, па Иџе ќе има шанса за подобрување на својот пласман во генералниот поредок.

Поврзани вести

Back to top button