fbpx

Audi Q3 Sportback пристигна на македонскиот пазар

Новиот кросовер-купе на Audi, моделот Q3 Sportback отсега е достапен и во нашата земја

Базиран на стандардниот Q3, Sportback верзијата се карактеризира со поспортски изглед, а овој адут на Audi во кросовер сегментот сега е достапен и на македонскиот пазар. Редакцијата на Авто Плус имаше можност да го забележи новиот Audi Q3 Sportback во продажно-изложбениот салон на Порше Македонија.

Како што можете да забележите во фотографиите, овој кросовер-купе на германската компанија се одликува со атрактивен изглед, а за тоа придонесуваат црната решетка и трапезоидните воздушни отвори, како и скулптурната хауба и LED предните светла. Најголемата промена во однос на стандадрниот Q3 е покривната линија која допринесува за поспортски и подинамичен изглед на автомобилот.

Audi Q3 Sporback

Задниот дел се карактеризира со робусен браник и интегриран дифузер со скриена издувна цевка, а фаровите се со препознатлив LED дизајн. Тука се и праговите со декорација од алуминиум осветлени со S-Line логото.

Во внатрешноста се истакнува 10,25-инчната дигитална инструмент табла заедно со 10,1-инчниот екран од инфозабавниот систем кој содржи и MMI Radio и Bluetooth конективност. Audi Q3 Sportback пристигнува и со кожен мултифункционален трикрак и Micrometallic Silver декорација во внатрешноста.

Конкретниот автомобил кој го забележавме е Audi Q3 S-Line 35 TDI S-Tronic кој се напојува со 2,0-литарскиот четирицилиндричен TDI мотор кој испорачува 150 КС и 340 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се испраќа на предните тркала благодарение на седумстепениот менувач со двојна спојка. За повеќе информации обратете се во продажниот салон на Audi во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button