fbpx

Touring Superleggera се пофали со Aero 3

Компанијата Touring Superleggera го покажа својот Aero 3, последата креација во ретро стил која ќе дебитира за време на Salon Privé Concours d’Elégance

Рефлектирајќи ги аеродинамичките принципи на Карло Феличе Бјанки Андрлони, синот на коосновачот и долгогодишен предводник на компанијата со децении, Aero 3 е инспириран од авантгардните дизајни кои потекнуваат од сопствениот ветерен тунел на Touring Superleggera.

Автомобилот ќе биде произведен во само 15 примероци, од кои три веќе се продадени, а Aero 3 ги комбинира аеродинамичниот италијански стајлинг со автентичната рачна изработка и перформансите на V12 суперавтомобил.

Моделот кој ќе дебитира на Salon Privé Concours d’Elégance на 23 септември се одликува со впечатлива Stratosphere црвена боја. Главна карактеристика на надворешниот дизајн е вертикалната перка која всушност нема никаква аеродинамичка функција и е единствено стилски додаток. Дизајнот е инспириран од Alfa Romeo автомобилите дизајнирани од Touring Superleggera во 30-тите години на минатиот век, како и други дизајни на компанијата.

Aero 3

Stratosphere црвената боја се преточува и во внатрешноста во контраст на црните меки елементи од ентериерот, заедно со детали од алуминиум, црн мат алуминиум и мат карбон додатоци. Кабината е обложена во Foglizzo кожа и Алкантара.

Touring Superleggera вели дека Aero 3 е базиран на „истакнат италијански суперавтомобил“, а со оглед на спецификациите на моторот, јасно е дека производителот на каросерии мисли на Ferrari F12 Berlinetta. Aero 3 се напојува со 6,3-литарски V12 мотор кој испорачува 730 КС и 689 Nm максимален вртежен момент. Моторот доаѓа во комбинација со седумстепен секвенцијален менувач со лопатки за менување на брзини и автоматски режим. Благодарение на оваа поставка, автомобилот од нула до „стотка“ стигнува за 3,1 секунда, а максималната брзина е 339 километри на час.

Aero 3

Aero 3 тежи само 1.641 килограм, односно 150 килограми полесен од Ferrari F12 Berlinetta, a тоа е благодарение на фактот дека целата каросерија е изработена од карбон.

Поврзани вести

Back to top button