Suzuki Swift RJC Автомобил на годината во Јапонија за 2018
Од Suzuki објавија дека новата генерација на компактниот модел Swift е избрана за победник во годинашнов RJC (Automotive Researchers and Journalists Conference)
Од Suzuki објавија дека новата генерација на компактниот модел Swift е избрана за победник во годинашнов RJC (Automotive Researchers and Journalists Conference) избор Автомобил на годината во Јапонија за 2018 година.
Моментната верзија на Swift е третата генерација на автомобилот што може да се пофали со RJC наградата. Претходните два успеси на брендот ги донесоа првите вде поколенија на моделот, во 2006 и 2011 година, а компанијата триумфираше во 2009 со WagonR и WagonR Stingray, во 2015 со Hustler и 2016 со Alto.
„Серијата Swift нуди разновидност на модификации, вклучувајќи Swift Sport и hybrid, за голема потрошувачка група, потенцираа од жирито на RJC. „Swift Sport остава посебен впечаток со својот шестстепен рачен менувач, одлично управување на патот, маневрирање и спортски перформанси. Уникатно конфигурираната хибридна опција е комбинирана со Auto Gear Shift трансмисија и безкомпромисно нуди мноштво предности“.