Lexus потврди премиера на SUV модел со 7 места во Лос Анџелес
Lexus ја потврди премиерата на верзијата на кросоверот RX со седум седишта, која ќе се одржи на салонот во Лос Анџелес
За оваа опција на популарниот модел се зборува од минатата година, а во текот на летото јапонското списание Mag-X повикувајки се на свои извори во Toyota за развојот на моделот дури и покажа илустрација на RX со три реда седишта. Според информациите од јапонските медиуми, меѓуоскино растојание на автомобилот нема да се промени – 2.790 mm, но задниот дел ќе биде продолжен за 16 cm. Така, должината на автомобилот ќе достигне 5.050 mm и ќе се израмни со онаа на Mazda CX-9.
Од Lexus експлицитно прецизираа дека кросовер ќе ги задржи „карактеристичните форми и силуета” и ќе ја добие ознаката L. Бензинската верзија ќе биде RX 350L, хибридната – RX 450L, а погонот ќе остане ист како кај стандардната верзија – 3.5 -литарски атмосферски V6 мотор со 301 коњска сила, кој во хибридниот систем работи заедно со два електромотори (вкупна моќност 313 КС). Премиерата на изведбата со 7-седиштата на RX е закажана за 29-ти ноември.