Peugeot прослави 210 години постоење
Peugeot прослави 210 години иновација, постојано надминување на просекот, секогаш во чекор со иднината и во тек со потребите на современиот клиент
Peugeot во текот на својата 210-годишна историја се покажа како традиционалист, но и иноватор. Францускиот бренд се наметна како креативно и уникатно дизајнерско решение, но и како првенец во воведување на новитети. Оттаму јасно денес јасно се видливи двата главни постулати на компанијата – емоција и движење.
И денес Peugeot ја продолжува својата традиција и се издвојува со воведувањето на иновативни решенија и креирање на уникатен дизајн и 100% електрични верзии за секој модел во гамата.
На 26-ти септември 1810 година, компанијата PEUGEOT Frères Aînés беше официјално основана од страна на „контрибутор со готовина“, запишан во Централен регистар, што сè уште се наоѓа во архивите Тере-Бланш, Дубс.
Повеќе од два века, фамилијата Peugeot е присутна во модната револуција почнувајќи од 19 век, по што започнува револуција во мобилност со велосипеди и автомобили. Главниот фокус бил ставен на истражувањата и развојот, па Peugeot секогаш успевал да се прилагоди на временските промени, стилови и потреби од страна на клиентите.
Peugeot претставува бренд изграден од страна на креативни луѓе, инженери, дизајнери, кои со векови ги предизвикуваат нормите, со цел да креираат и осмислат нови стандарди на возење и управување. Благодарение на тоа, француската компанија продолжи да прераснува во стабилен и моќен бренд низ годините
Со цел соодветно прославување на својата историја, тим од Peugeot Design Lab дизајнираше специјално лого за одбележување на 210-годишнината. На истото, легендарниот лав е прикажан странично во логото подвлечено со стрела. Ова всушност е најстарото постоечко лого на Peugeot кое е регистрирано во 1858 година. Ова лого симболизира три квалитети прикажани од самиот почеток: флексибилност, моќ и издржливост, како и брзина.
Повеќе од 2 века подоцна – Peugeot продолжува да расте следејќи ги зборовите на Арманд: „Ако сме доволно паметни и силни, од Peugeot ќе создадеме еден од најголемите бизниси во индустријата на Франција“.