fbpx

Hyundai ја покажа тркачката Elantra N TCR

Hyundai Motosport го претстави својот најнов додаток во опсегот на TCR тркачките автомобили - моделот Elantra N TCR

Elantra N TCR им се приклучува на Hyundai Veloster N TCR и i30 N TCR и ќе им се нуди на клиентските тимови ширум светот. Со ова Hyundai ќе има свои тркачки TCR претставници на патничките автомобили во различни земји.

Како што самите велат од Hyundai, „додатокот ќе понуди максимална релевантност за купувачите ширум светот, со тоа што автомобилот ќе биде наменет за тимовите на оние пазари каде што стандардната Elantra веќе се продава“.

Најновиот автомобил кој е дизајниран и направен од Hyundai Customer Racing одделот беше за прв пат претставен на Салонот во Пекинг. Светската премиера следуваше по напорните тримесечни тестирања, за време на кои автомобилот веќе комплетираше 5.000 километри возење на европските тркачки патеки.

Најава за патничката Elantra N

Дизајнерите и инженерите добија задача во целост да ја искористат спортската шасија на патничката Elantra и формата на седанот со цел да се оптимизира дизајнот, а притоа да се аплицираат лекциите кои се научија при тркањата со i30 N TCR и Veloster N TCR.

Elantra N TCR

Кога станува збор за дизајнот, Elantra N TCR добива аеродинамичен body кит кој се одликува со голем преден сплитер и фиксиран заден спојлер, како и широки крила со цел да се постават пошироки тркала. Иако од Hyundai не го нагласуваат тоа, овој body кит го најавува изгледот на престојниот Elantra N перформансен автомобил, барем во одредена мера.

Според регулативите, Elantra N TCR има погон на предните тркала и се напојува од 2,0-литарскиот турбо мотор „кој е изведен од целосно новиот базичен мотор кој е земен од патничките модели на Hyundai“. Автомобилот го споделува истиот шестстепен менувач со лопатки кој се користи кај i30 N TCR и Veloster N TCR. Hyundai развива и патнички N модел, кој ќе се најде над спортската N Line верзија. Тој модел се очекува да развива 275 КС.

Hyundai ќе продолжи со тестирање на автомобилот во престојните месеци, со тоа што првиот автомобил ќе биде доставен кај клиентските тимови пред крајот на 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button