fbpx

Пекинг 2020: Dongfeng ги претстави Voyah i-Free и i-Land

Dongfeng Motors најави нов бренд за електрични возила на Салонот во Пекинг кој ќе го понесе името Voyah, а за таа цел претстави и две концептни возила

Кинескиот гигант Dongfeng започнува електрична офанзива со лансирањето на нов бренд специјално за електрични возила, а на Салонот во Пекинг ги претстави двете студии наречени Voyah i-Free и Voyah i-Land.

Voyah i-Free добива форма на голем SUV и има мошне комплициран дизајн. Ова особено е забележително на предниот дел, каде што се наоѓаат два лажни отвори за воздух со шема во форма на дијамант. Интересно, концептот нема никаква решетка и наместо тоа има две длабоки дупки на местото каде што треба да биде поставена решетката. Овие дупки навлегуваат под хаубата и ја имаат истата дијамантна шема како отворите за воздух.

Предниот дел на i-Free концептот исто така има и некои стилски златни акценти, вклучително и големото лого и делче кое ги спојува малите LED предни светла. Најновата креација на Dongfeng поседува камери наместо традиционални ретровизори, „претопувачки“ рачки од вратите како и сет масивни сребрени тркала. За да се осигура дека и задниот дел отскокнува како и предниот, Voyah i-Free доби голем спојлер кој се протега на задниот дел од покривот, а тука се и тенките задни светла.

i-Free концептот е базиран на Electric Smart Secure Architecture (ESSA) платформата на Dongfeng и има целосно електричен погон. Засега, техничките спецификации не се познати. Продукциската верзија на концептот треба да пристигне на кинескиот пазар во 2022 година и ќе се произведува во поранешната Dongfeng-Renault фабрика.

Voyah i-Land

Втората дизајнерска студија на Dongfeng претставена на Салонот во Пекинг е концептот Voyah i-Land. За разлика од i-Free, концептот i-Land е купе со две врати кој ја прикажува дизајнерската филозофија на брендот и исто така е поставен на ESSA платформата.

Кога станува збор за стајлингот, i-Land концептот има низок дизајн кој е достигнат благодарение на употребата на компакната електрична платформа. Ова е најзабележително на предниот дел каде што, наместо решетка, се наоѓаат два големи тунели кои го пренасочуваат воздухот низ продолжената хауба, нешто слично како кај i-Free.

Концептот i-Live е поставен на сет масивни тркала чии краци се обложени во боја на розево злато и сјајни сребрени акценти. Страничниот поглед открива сет на мошне долги врати и мазна линија на покривот, додека на задниот дел се наоѓаат тенките LED светла, светлечката лента, стоп светло инспирирано од Formula 1 и дифузер.

Поврзани вести

Back to top button