fbpx

Освежениот Jaguar XF со нов стајлинг и нов ентериер

Jaguar го претстави освежениот XF за 2021 и не само што пристигнува со нов екстериер, туку добива и голем број на технологии и унапредувања на погонот

Почнувајќи од екстериерот, освежениот Jaguar XF добива ревидирана предна решетка и нови предни светла со препознатливите LED дневни светла. Дизајнерите на Jaguar исто така создадоа нови преден и заден браник за XF, додека исто така автомобилот доби и нешто подизменети задни светла.

Jaguar XF

Во внатрешноста, најглавна одлика на освежениот Jaguar XF е целосно новиот 11,4-инчен заоблен HD екран на допир кој во моментов не е достапен кај ниту еден друг Jaguar модел. Не само што овој екран е 48 проценти поголем од претходниот, тој исто така е и три пати посветол и има поедноставено мену кое му овозможува на возачот да пристапи до 90 проценти од задачите на главниот екран со два допири или помалку. Екранот исто така го вклучува и најновиот Pivi Pro оперативен систем на компанијата кој има Apple CarPlay како стандард и Android Auto како стандард на одредени пазари. Pivi Pro системот исто така нуди и бежично унапредување на софтверот.

Jaguar XF

Jaguar исто така го опреми новиот седан со 12,3-инчна дигитална инструмент табла која нуди конфигурациски изглед и работи во корелација со head-up екран.

Jaguar се откажува од старите V6 агрегати. Голема новост е појавата на 2,0-литарскиот турбо агрегат со 48-волтен благ хибрид. Овој мотор испорачува 204 КС и 430 Nm и воедно е најслабата погонска единица во понудата. Честа на бензинците ја брани 2,0-литарскиот турбо агрегат достапен во две конфигурации – со 250 KС и 365 Nm, како и 300 KС и 400 Nm.

Освен лимузинското издание, во понудата ќе се најде и караванската верзија. Цените за францускиот пазар почнуваат од 51.900 евра за лимузината, односно 55.440 евра за караванската варијанта.

Поврзани вести

Back to top button