fbpx

Škoda преку звучна апликација ќе открива проблеми кај возилата

Škoda разви апликација која може да ги открие проблемите кај автомобилот многу едноставно само преку користење на мобилниот телефон

Апликацијата на Škoda е наречена Sound Analyser, а истата го снима звукот додека автомобилот работи и потоа го споредува тоа со веќе зачувани звучни шеми. Доколку нешто е погрешно, апликацијата ги известува техничарите и ги известува каде да ги бараат проблемите со точност поголема од 90 проценти.

Од Škoda велат дека апликацијата може да препознае десет звучни шеми вклучително и оние за управувачкиот систем, компресорот за клима-уредот и за спојките во DSG менувачот.

За да го направи ова, апликацијата го конвертира снимениот аудио фајл во спектограм кој визуелно ги слика акустичните сигнали. AI технологијата потоа го споредува фајлот со зачуваните снимени содржини за да идентификува отстапувања. Потоа, алгоритамот работи за да открие кои се тие отстапувања и како да се поправат.

Апликацијата ветува голем број бенефиции, како за клиентите, така и за дилерите. Како што објаснуваат од чешката компанија, Sound Analyser го прави одржувањето на автомобилот поефикасно и го намалва времето кое возилата го минуваат во сервис за поправка. Ова доведува во зголемено задоволство кај клиентите и поголема продуктивност.

Škoda ја тестира апликацијата како дел од пилот проект во 14 различни земји. 245 дилери исто така биле вкличени и го снабдиле софтверот со аудио снимки за неговиот „процес на учење“.

И додека оваа апликација е интересна, Škoda најавува дека технологијата би можела да биде инкорпорирана во идните модели преку специјални сензори кои ќе ги слушаат сите абнормалности. Тие велат дека ова може да овозможи предвидливо одржување како и закажани поправки преку интернет конекција.

Поврзани вести

Back to top button