fbpx

Викенд тарифа: Забавна трка на BMW M3 и M4 во официјално видео

BMW објави интересно видео кое е посветено на M3 и M4, во кое германскиот производител ја користи нивната динамика за да го создаде ова динамично клипче

Дејството во видеото кое го објави BMW за M3 и M4 се одвива во пристаништето во Копер, Словенија и започнува на тој начин што M4 Competition излегува од голем контејнер. Наскоро се појавува и M3, по што започнува трката низ доковите на пристаништето.

Само за потсетување, M4 Competition има моќност од 503 КС во споредба со 473 КС на M3. Двата модели се напојуваат со истиот 3,0-литарски шестцилиндричен мотор во комбинација со шестстепен мануелен менувач и погон на задните тркала кај M3, односно осумстепен автоматски менувач и xDrive погон на сите четири тркала.

Поврзани вести

Back to top button