Aznom го покажа ентериерот на Palladium
Тизер кампањата за Aznom Palladium продолжува откако компанијата објави цртежи од внатрешноста за нивната престојна хипер лимузина
Aznom Palladium треба да дебитира на Милано-Монца автомобилскиот Салон подоцна овој месец, Palladium ќе се карактеризира со широка задна клупа со два индивидуални потпирачи за грб. Седиштата се опишани како „ултра удобни“, а рендерите сугерираат дека имаат карактеристични потпирачи за глава, двобојна кожа и дрвен трим.
Уште поинтересно е што задната клупа има два дела за складирање кои се сокриени кај нозете. Тие се испружуваат нанапред за да се откријат преградите кои имаат улога на фрижидер, како и скриените фиоки. Тие се предвидени за мал бар во кој ќе се складираат пијалоци и пури.
Некои дополнителни информации нема, но Aznom вели дека дизајнерите обрнале внимание на „најситните детали“ и ентериерот ќе има своја приказна за раскажување. Тие исто така истакнуваат дека „се е произведено и склопено со екстремна грижа и прецизниот, издигнувајќи ја внатрешноста на Palladium до супериорен стандард во споредба со сличните возила кои во моментов се во производство“.
Со оглед на позицијата на ултра луксузно возило, ентериерот на Palladium ќе биде исклучитечно подесиво и персонализирачко. Купувачите ќе можат да направат „речиси неограничен број“ на барања со цел да се осигураат дека кабината ќе се вклопува во нивните вкусови и ќе биде нешто навистина уникатно.
Инаку, Palladium е инспириран од автомобилите од 30-тите години, а исто така има и големо влијание од модерните луксузни SUV возила. Како резултат на тоа, моделот е ултра луксузен „оф-роудер“ со уникатна каросерија која комбинира елементи од седаните и SUV моделите.
Деталите ќе бидат објавени подоцна овој месец, но компанијата претходно истакна дека моделот е речиси 6.000 милиметри долг и 2.000 милиметри висок. Aznom Palladium се напојува со битурбо 5,7-литарски мотор кој произведува повеќе од 700 КС. Производството ќе биде ограничено на само 10 примероци.