fbpx

Објавени првите тизери за Dacia Spring

Dacia ги објави првите видео тизери за електричниот Spring, а исто така најавен е и електричниот концептен кросовер на Renault

Dacia Spring се очекува да донесе вистинска револуција во сегментот на електрични автомобили. Тука не станува збор за технолошки иновации, туку за цената и достапноста на возилото, што треба да биде адут на романскиот бренд. Во согласност со економичноста на Dacia, се очекува и Spring да биде ценовно достапен за поширок опсег на потенцијални купувачи.

Од Renault групацијата се уште немаат објавено колкава ќе биде цената на Dacia Spring, иако голем број медиуми најавуваат цена од околу 15.000 евра, што е навистина револуционерен потег. Ако на тоа се додадат големиот број државни субвенции кои постојат во Европа, купувачите имаат шанса да добијат исклучително финансиски достапен електричен автомобил, нешто што не е одлика на овие модели.

Dacia Spring ќе претставува унапредена и ребрендирана верзија на кинескиот Renault City K-ZE. Од Dacia ветуваат дека електричната мобилност ќе биде достапна за сите, а според најавите, автомобилот се очекува да има автономија од 200 километри според WLTP. Според најавите, електричната Dacia ќе биде достапна од првата половина на 2021 година.

Вториот новитет кој го најави групацијата Renault, а за кого треба да се дознаат повеќе детали во следниот период е концептуалниот електричен модел. Станува збор за батериски кросовер кој би требало да претставува најава за серискиот производ, односно моделот Zandar, кој досега го најавуваа француските медиуми.

Zandar се очекува да биде електричен кросовер од B сегментот, односно електричен пандан на Renault Captur. Она што е познато е дека концептот кој ќе го претстави шефот на Renault, Лука де Мео, ќе биде поставен на модуларната CMF-EV платформа, која дебитираше со Nissan Ariya.

Покрај двата видео тизери, не се објавени никакви подетални информации и за истите ќе треба да почекаме неколку дена за официјално претставување на моделите во рамките на Renault eWays форумот за електромобилност кој стартува на 15 октомври.

Поврзани вести

Back to top button