Audi ja лансираше plug-in хибридната верзија на Q8
Audi ја лансираше plug-in хибридната верзија на Q8, која е достапна во две верзии и нуди до 47 километри автономија користејќи исклучиво електрична енергија
Германскиот бренд ги претстави Q8 55 TFSIe Quattro и Q8 60 TFSIe Quattro, plug-in хибридата верзија на конвенционалниот SUV. Двете верзии се напојуваат со 3,0-литарскиот TFSI V6 мотор на Audi во комбинација со електромотор. Овој погонски склоп пристигнува со осумстепен автоматски менувач.
Audi сега ги отвори нарачките за новите Q8 55 TFSIe и 60 TFSIe, а цените стартуваат од 75.351 евра во Германија.
55 TFSIe Quattro нуди комбинирани 381 КС и 600 Nm максимален вртежен момент, додека помоќниот Audi Q8 60 TFSIe Quattro нуди 462 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.
Двата модели можат да достигнат максимална брзина од 135 километри на час во електричен режим. Спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за 5,8 секунди кај послабата варијанта, додека помоќната стигнува за 5,4 секунди. Максималната брзина кај двата модели изнесува 240 километри на час.
Хибридниот систем се одржува се карактеризира со 17,8 kWh литиум-јонска батерија, која е инсталирана под багажникот. Покрај електричниот, хибридниот и Auto возачките режими, plug-in хибридниот Audi Q8 исто така има и Hold режим, кој ја штеди батеријата за подоцнежно користење, како и Charge, кој ја полни батеријата што е можно повеќе при возење, користејќи ја максимално силната рекуперациска моќ на системот која може да достигне до 80 kW при сопирање.
Полнењето на батеријата на новиот plug-in хибриден Audi Q8 TFSIe трае околу два и пол часа при максимален полначки капацитет од 7,4 kW.