fbpx

Првиот електричен SUV на „Патот на смртта“

Американската компанија Bollinger Motors продолжува со екстремните тестови на својот В1, првиот електричен SUV во светот

Во видеото кое е објавено на YouTube канал на брендот, Bollinger В1 е на пат кон „Патеката на смртта” во Колорадо. Областа се нарекува „Патот на смртта“ поради исклучително тешки услови и опасните падини под него. Патеката не е обезбедена и има надморска височина од 3.900 метри. Погледнете како Bollinger В1 се справува со тешката рута.

Eлектричниот теренец Bollinger B1 остава впечаток со максимално едноставен дизајн како на екстериерот, така и на ентериерот. Автомобилот може да пренесува четири патници, со два багажни простори лоцирани на предната и задната страна. Ако вториот дел од каросеријата биде со соборени седишта- машината се претвора во пикап. Во основата на моделот е алуминиумска шасија, опремена со два електромотори- по еден на секоја оска. Тие произведуваат вкупно 360 КС и можат да се полнат со 60 или 100 kWh батерии. Во првиот случај автономијата е 193 километри, а во вториот- 320.

Полнењето на акумулаторите трае помеѓу 7 и 12 часа, но при користењето на специјален полнач потребно е околу еден час. Компанијата тврди дека SUV изведбата забрзува од 0 до 100 km / h за 4,5 секунди. Во опремата на Bollinger B1 влегува хидропневматична суспензија, благодарение на што клиренсот се менува од 20 до 50 cm. Компанијата Bollinger Motors е основана во 2004 година и сеуште бара спонзори за лансирање на својот прв модел во својата историја. Се надеваме дека ова ќе се случи во 2018 година.

 

Поврзани вести

Back to top button