fbpx

Volkswagen со тизер ја најави премиерата на Golf R

Иако штотуку го откри Golf GTI Clubsport, Volkswagen го насочува фокусот кон уште помоќен хот хеч, поточно кон најмоќниот модел во понудата, Golf R

Volkswagen за прв пат објави тизер за Golf R, а судејќи според прикажаното во видеото, премиерата на најмоќниот хот хеч на германскиот бренд ќе се случи на 4 ноември, барем така стои на специјализираниот R канал на социјалните медиуми.

Интересно, во истото клипче се појавува и T-Roc R поради некоја причина, моќен кросовер кој е дел од проширената перформансна постава на Volkswagen која исто така е сочинета од брзински варијанти на Arteon, Tiguan и Touareg R.

https://www.instagram.com/p/CGVA83zH8hN/?utm_source=ig_embed

Инаку, нема многу тајни кога станува збор за тоа што ќе се најде под хаубата, со оглед на тоа дека се очекува Golf R да го користи истиот 2,0-литарски турбо бензински мотор какои и Arteon R и Tiguan R. Моторот во овој случај ќе испорачува 316 КС и 420 Nm максимален вртежен момент во комбинација со DSG менувач.

Постоеја најави дека VW сака да го искористи моторот на Audi, но наводно челниците на „четирите прстени“ рекле не, поради што Volkswagen се задржува до својот 2.0 TSI мотор. Интересно, според некои информации и шпиунски фотографии, Audi сепак сака да го сподели својот 2.5 TFSI погон, со оглед на тоа дека наводно пристигнува Cupra Formentor со 400 КС.

Како и да е, по официјалната премиера следниот месец, новиот Golf R најверојатно ќе се најде во продажба во првата половина на 2021 година во Европа. За разлика од регуларните верзии на неверојатно популарниот компактен хечбек, R ќе се понуди и во САД.

 

Поврзани вести

Back to top button