fbpx

Новиот VW Golf TGI со погон на метан

Осмата генерација на Volkswagen Golf е достапна со широк опсег на погонски склопови, овозможувајќи ви да бирате меѓу бензински и дизел агрегати, како и хибриди

Сега, во последните години, купувачите добија опција и за користење на CNG (компресиран природен гас) кој е достапен на Golf TGI. Ова не се промени ниту со осмата генерација, која исто така е достапна со оваа солуција која е „еко-френдли“, со која се овозможува распон на движење од 400 километри според WLTP циклусот.

Од Volkswagen знаат дека користењето на природниот гас е бенефит за возачите во голем број земји, кои можат да го купат овој Golf во форма на хечбек или караван (Variant).

Вкупниот капацитет на резервоарот кај Volkswagen Golf TGI во моментов е 115 литри или 17,3 килограми, со тоа што автомобилот исто така има и бензински резервоар со капацитет од 9 литри. Неговиот 1,5-литарски TSI мотор кој испорачува 130 КС се смета и за ефикасен и за „зелен“, со потрошувачка од само 4,3 – 4,1 килограми гас на 100 километри, со 117-111 g/km емисија на CO2. Идејата на конструкторите е бензинот да се користи само за стартување на моторот при ниски температури, или во ситуации кога метанот ќе се потроши, па возачот да може да стигне до најблиската бензинска пумпа. Инаку, моторот пристигнува во комбинација со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка

Според германскиот производител, промената на CNG режимот значи 25 проценти помалку емисии на CO2 отколку со типичниот бензински мотор, додека надополнувањето со биометан резултира со уште подобар CO2 баланс.

„Природниот гас генерално согорува со помала емисија отколку бензинот или дизелот. Издувниот гас содржи значително помалку јаглерод моноксид и азотни оксиди (NOx), додека уделот на чад или партикулати е минимален“.

Поврзани вести

Back to top button