fbpx

Golf 8 официјално промовиран во Македонија

Најновата генерација на популарниот хечбек на Volkswagen, Golf 8, денеска ја забележа својата официјална промоција пред македонската јавност

Златно Тркало финалист 2021
Три месеци по светската премиера во Волфсбург, Македонија имаше можност да сведочи на официјалната промоција на Golf 8. Нашата држава ја имаше честа прва да ја види осмата генерација на најуспешниот светски концепт на патнички автомобил во југоисточна Европа.

Во салонот на Порше Македонија, Golf 8 беше презентиран пред македонската јавност. Со тоа започна испишувањето на новите страници на бестселерот кај нас. Новиот Golf 8 пристигнува дигитализиран, целосно поврзан и максимално интуитивен за употреба, во никогаш попрогресивно издание.

„Во текот на седумте генерации, Golf импресионираше повеќе од 35 милиони клиенти. Целата автомобилска индустрија очекува и знае дека новиот Golf ќе ги постави стандардите во класата“, изјави Златко Муцунски, генералниот директор на Порше Македонија.

Кога станува збор за технологијата, Golf прави огромен исчекор напред во однос на своето деби.

Golf 8 пристигнува со TSI, TDI, eTSI и TGI мотори

Новата генерација на Golf 8 во Македонија пристигнува со бензинските мотори TSI. Потоа, тука е дизел агрегатот TDI и електрифицираниот eTSI благ хибрид. Не треба да се заборави и бивалентниот бензински мотор предвиден за погон на природен гас TGI. Сите доаѓаат со турбо бполначи. Моќноста на моторите варира од 90 КС до 150 КС. Кога станува збор за eTSI благо хибридните мотори освен електричната поддршка за дополнително намалување на емисиите, помага и примената на Miller циклусот за согорување. Како што беше најавено уште од претходно, новите дизел мотори на Volkswagen пристигнуваат со нова технологија што ги прави почисти од било кога. Така, TDI моторите воведуваат технологија за двојно дозирање на AdBlue со помош на два SCR катализатори и постигнуваат намалување на емисијата на азотни оксиди до 80 проценти. Истовремено се намалува и нивото на потрошувачка и до 17 проценти во споредба со TDI моторите од претходната генерација. Од Порше Македонија истакнуваат дека дизелскиот TDI се уште го нема кажано својот последен збор…

Високо ниво на технологија и конективност

Новиот Golf 8 пристигнува со високо ниво на технологија и поврзаност во патничката кабина. Благодарение на вградената единица за поврзување на Интернет, новите модели на Golf 8 се поврзани и со надворешниот свет. Благодарение на еSIM можат да се користат и функциите We Connect и We Connect Plus. Новиот Golf е првиот автомобил на VW кој ќе комуницира со околината преку Car2X благодарение на кој сигналите од сообраќајната инфраструктура и информациите од другите возила опремени со овој систем ќе се прикажуваат на екранот пред возачот.

Системите за асистенција на возачот функционираат до брзина од 210 километри на час. Кога станува збор за внатрешноста, новиот Golf 8 пристигнува со завидно ниво на технологија. Практично, сите екрани и контроли во новиот Golf 8 се дигитални, а новите инструменти и поврзаните инфозабавни системи се интегрираат едни со други со пејсажен приказ со команди на допир. Oна што веднаш e воочливо е драстичната промена на ентериерот во новиот Golf 8. Кабината е дизајнирана во минималистички стил, сепак со главна цел да обезбеди максимална практичност и функционалност. Пред возачот поставен е целосно нов управувач, изменет дигитален инструмент кластер и помодерен инфозабавен систем. Централната табла е исто така нова, со нови вентилациски отвори и метални акценти.

„Во светот каде сложеноста постојано се зголемува, новиот Golf му дозволува на возачот да се опушти и интуитивно и лесно да управува со возилото“, истакна Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen.

Цените на новата, осма генерација на Golf во нашата земја започнуваат од 25.458 евра, колку што чини основниот Golf со 1,5-литарски TSI мотор и 150 КС со мануелен шестстепен менувач. 2,0-литарскиот TDI со мануелен шестстепен менувач и 115 КС чини 26.780 евра. Помоќната дизел верзија со DSG мануелен менувач и 150 КС, чини 31.417 евра. За eTSI моторот со благ хибриден систем цените почнуваат од 28.842 евра, додека истиот мотор со автоматски DSG менувач и 150 КС во Style ниво на опременост чини 31.373 евра. Истото ниво на опременост, но со 2,0-литарскиот TDI и автоматски DSG менувач чини 33.539 евра.

Поврзани вести

Back to top button