fbpx

Специјален Aventador S дизајниран од Јамамото

Lamborghini го отвори The Lounge Tokyo во Јапонија со перманентен Ad Personam студио, а за таа цел го претстави и специјалниот Aventador S дизајниран од Јохџи Јамамото

Италијанската компанија во Токио го отвори своето второ посветено место по она во Њујорк кое има перманентно Ad Personam студио со кое им се овозможува на купувачите да го прилагодат и персонализираат својот автомобил. Во чест на отворањето, Lamborghini подготви специјално дизајниран Aventador S од страна на познатиот моден дизајнер Јохџи Јамамото. Благодарение на него, овој уникатен автомобил е третиран како празно платно и влече инспирација од Paris колекцијата, „облечен“ со неколку примероци на облека.

Aventador S

Овој уникатен Lamborghini Aventador е создаден од страна на Lamborghini Centro Stile, со „благослов“ на дизајнерскиот шеф на компанијата Митја Боркерт, кој се сретна со Јамамото за време на модната недела во Париз во јануари 2020 година. Овој специјален Aventador се одликува со различни нијанси на црвено на надворешноста, во контраст со неколку бели и црни акценти. Во ентериерот е применет истиот рецепт, со тоа што потписот на дизајнерот е поставен на централната конзола, вратите, седиштата и неколку други места.

Aventador S

„Навистина е чест да се работи со Јохџи Јамамото, светски познатата модна икона, кој веднаш ја разбра нашата карактеристична дизајнерска ДНК. Нашата соработка инспирираше неверојатно ремек-дело и дизајн за Aventador S кој е сега е претставен и го слави италијанското мајсторство со јапонската култура“, изјави Митја Боркерт.

Aventador S

Уникатниот Aventador S останува недопрен под хаубата. Тоа значи дека се напојува со атмосферскиот 6,5-литарски V12 мотор кој испорачува 740 КС и 690 Nm максимален вртежен момент, со погон на сите четири тркала и седумстепен менувач.

Поврзани вести

Back to top button