fbpx

Aston Martin најави EV модел со Mercedes технологија до 2026

Британскиот производител Aston Martin започнува уште потесна соработка со Mercedes, а целта е создавање на широк опсег на електрични и електрифицирани возила

Aston Martin очекува електрифицираните модели да сочинуваат 20 проценти од нивната глобална продажба до 2024 година, најавува извршниот директор на компанијата Тобијас Моерс, кој исто така потврди дека ќе пристигнат нови електрифицирани модели благодарение на технологијата од Mercedes, а најави и дека plug-in хибридната верзија на DBX луксузниот SUV е предвиден да пристигне во 2023 година.

Откако британската марка си обезбеди пристап до напредната технологија на Mercedes-Benz, не е исклучено да го отстрани и својот хибриден V6 погонски проект, кој требаше да дебитира со Valhalla, со цел да ги прифати агрегатите на Mercedes, пишува Autonews Europe.

Aston Martin и Mercedes го проширија своето партнерство, а за таа цел германската компанија наместо досегашните 2,3 проценти, ќе добие до 20 проценти удел во британскиот бренд, во замена за хибридни и електрични погони, кои Aston Martin ќе има право да ги користи во следниот период.

„Се уште работиме на хибридниот погон, но сега имаме алтернативи. Се уште е рано да кажеме нешто поконкретно“, изјави извршниот директор на Aston Martin, имплицирајќи дека неговата компанија сега има избор кога станува збор за развојот.

Aston Martin Mercedes

Новите модели пристигнуваат од 2022

По Valhalla, Aston Martin ќе го претстави електрифицираниот Vanquish, а Моерс истакнува дека луѓето кои купуваат суперавтомобили со централно поставен мотор денес очекуваат во своите возила да имаат некаков вид на хибридна технологија. Кога станува збор за целосно електричен модел, британската компанија најавува дека тој ќе пристигне до 2026 година, користејќи технологија на Mercedes-Benz.

Треба да се истакне дека Aston Martin планираше да го лансира својот прв електричен автомобил во 2021-2022 користејќи го оживеаниот беџ на Lagonda, но тие планови сега се минато. „Lagonda има поинаква улога за иднината. Електричните автомобили треба да бидат Aston Martin“, додаде Моерс.

Aston Martin Mercedes

Како и да е, Моерс вети нови модели кои ќе користат Mercedes технологија кои ќе почнат да пристигнуваат од 2022 или 2023. Се очекува и нов продукт кој е закажан за 2023 година кога би можеле да добиеме замена за DB11. До 2024, секој четврти или петти автомобил ќе биде електрифициран, ветува Моерс. Тоа ќе го вклучува и plug-in хибридниот DBX кој е подготвен за лансирање во 2023.

Поврзани вести

Back to top button