fbpx

Renault Trafic со модерен изглед и поголема безбедност

Пред една година Renault го претстави освежениот Trafic, а сега подготви нова, овој пат темелна рестилизација за своето комерцијално возило

Визуелно, фејслифтот не претставува големо отстапување од веќе препознатливиот дизајн на досегашниот модел на Renault Trafic. Но, сепак тука се неколкуте важни промени како што е изменетата хауба, новите браници и новите full LED предни светла. Тие заедно создаваат поекспресивен изглед на екстериерот на кој доминира масивното хромирано Renault лого на предниот дел, кој пак е во согласност со најновите модели на брендот. Редизајнирана е и решетката која сега е опколена со стилските предни светла во форма на буквата C.

Renault Trafic

Новитет кај освежениот Renault Trafic е новата Rouge Carmin црвен финиш на екстериерот, кој се приклучува на останатите шест достапни 17-инчните тркала со дијамантски ефект на SpaceClass и ретровизорите со електрика.

Контролната табла е целосно нова, иако чувството на препознатливост останува. На средината е поставен 8-инчниот инфозабавен систем кој пристигнува со Apple CarPlay и Android Auto конективност, бежичен полнач за телефони, физички команди за клима-уредот и нов трикрак мултифункционален управувач. Кога станува збор за капацитетот, треба да се напомене дека во кабината е достапен простор од 86 литри, карго волуменот изнесува 1,8 кубни метри, а возилото нуди простор за 9 патници.

Новите Renault Trafic Combi и SpaceClass се опремени со најновите системи за асистенција при возењето како итно сопирање, предупредување за напуштање на коловозната лента, предупредување за слепа точка, адаптивен темпомат, како и ново воздушно перниче кое покрива двајца патници.

Renault Trafic

Моќноста се добива од три 2,0-литарски dCi дизел мотори со 110, 150 и 170 КС опремени со stop&start технологија. Првите два пристигнуваат со шестстепен мануелен менувач, но шестстепениот автоматик со двојна спојка е достапен за сите нив, со исклучок на базичниот модел.

Renault ќе објави повеќе детали за Renault Trafic Combi и SpaceClass кон почетокот на следната година пред да ги лансира во март.

Поврзани вести

Back to top button