Викенд тарифа: Rimac искрши два скапоцени C_Two прототипи
Компанијата за производство на електрични хиперавтомобили Rimac уништи два C_Two прототип модели во рамки на тестовите за безбедност
Електричниот суперспортски автомобил Rimac C_Two со цена од 2,2 милиони евра спаѓа меѓу најскапите модели на светот, но и ваквите возила мораат да минат низ фаза на испитување на безбедноста, вклучително и тестови за судир. Како дел од тест програмата и подготовките за пазарното лансирање во 2021 година, Rimac во два дена искрши два прототипи на C_Two.
Како што се наведува, во текот на процесот на тестирање на автомобилите, планирано е во тестовите да се уништат дури 11 возила. Инаку, Rimac C_Two е вториот модел на оваа компанија. Се напојува со четири електромотори со вкупна моќност од 1.914 КС. Електричната енергија се складира во батерија со капацитет од 120 kWh, а спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за само 1,95 секунди. Максималната брзина е 412 километри на час.