fbpx

Hyundai со тизери гo потврди новиот Tucson N Line

Корејскиот производител Hyundai со тизер фотографии ја најави N Line варијантата на новата генерација на својот SUV Tucson

Предвиден да се појави до крајот на 2022 година, Hyundai со тизер фотографии официјално потврди дека подготвува N Line верзија на моделот Tucson. Новата генерација неодамна ја доживеа својата премиера и уште од стартот го привлече вниманието со својот храбар дизајн. Tuсson е клучен модел во опсегот на Hyundai, па оттаму и официјалната потврда дека спортска N Line верзија на новиот дизајн е во подготовка.

Tucson N Line

Hyundai не открива никакви детали околу спортскиот Tucѕon N Line. Сепак станува збор само за тизер, но официјалните рендери ни даваат увид во визуелните промени. Hyundai Tucson N Line варијантата ќе пристигне со поагресивен преден браник и поголеми отвори за воздух. Забележлива е и големата долна решетка која ќе биде направена по теркот на горната. Видливи се и малите промени на светлата.

Спортскиот стајлинг продолжува и на задната страна каде се наоѓа двобојните тркала и заштитните наплатки во боја на каросеријата. Моделот исто така добива и N Line беџови како и уникатен браник и двоен издувен систем. Кога станува збор за механиката, од Hyundai не откриваат премногу детали за моделот, иако постојат повеќе шпекулации за тоа со каков агрегат ќе се напојува спортската верзија на овој SUV, но се очекуваат агрегати со блага и целосна хибридна технологија.

Hyundai не објави никакви фотографии од внатрешноста на Tucson N Line, но како и во останатите N Line модели на компанијата, се очекуваат нови спортски седишта, нов спортски управувач и алуминиумски педали. Стандардните 10,25-инчни екрани од инфозабавниот систем и инструмент кластерот исто така се очекува да бидат пренесени во новиот модел.

Новиот Tucson N Line ќе биде достапен од следната пролет, а повеќе детали се очекуваат наскоро.

 

Поврзани вести

Back to top button