fbpx

Брисел ќе мери кој колку гориво троши?

Европската комисија планира да воведе задолжителни уреди за мерење на потрошувачката на гориво во сите нови автомобили, соопштува Der Spiegel

Според германското издание, Брисел сака сите нови модели да имаат сличен уред од јануари 2020 година. Идејата се дискутираше неколку пати оваа година во рамките на експертска комисија во ЕУ и неколку земји веќе го поддржуваат ова. Предлогот е со цел на елиминирање на растечкиот јаз за потрошувачката на гориво во реални услови кај автомобилите и бројките кои ги даваат производителите. Според студијата на Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT), новите автомобили трошат во просек 42% повеќе гориво отколку што тврдат производителите. Во 2013 година овој процент изнесуваше 25 отсто.
потрошувачката на гориво
За да се избегне ова, беше воведена целосно нова тест процедура за потрошувачката наречена WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure), која стапи во сила од септември. Сепак, според експертите, ова не е доволно. „Со текот на годините производителите „умеат“ целосно да манипулираат со тестовите. Треба да апострофираме дека со воведувањето на WLTP веќе нема манипулации, само факти, вели извор од Европската комисија за Der Spiegel.
потрошувачката на гориво
Уредите ќе почнат да се воведуваат во сите модели, претставени на пазарот по 1-ви јануари 2020, а една година подоцна ќе станат задолжителни за сите новорегистрираните возила, независно од нивната година на производство. Главната цел на мерните уреди е да се постигне подобра контрола врз штетните емисии. Според изворот на Европската комисија, потрошувачката на гориво е директно поврзана со штетните емисии на гасови и ќе даде „јасна слика” за ситуацијата на улиците.

Во пролетта 2018, Комисијата ќе предложи мерка за која ќе се разговара од страна на земјите-членки. Таа потоа мора да биде одобрена од страна на ресорните министри и Европскиот парламент, а конечната одлука може да се донесе пред крајот на следната година. Според Der Spiegel, трошоците за воведување на такви уреди треба да бидат прифатливи за производителите. Според комисијата, околу едно евро по автомобил. Овие пресметки се базираат на проценка на властите во американската држава Калифорнија, каде што таквите уреди се планираат од 2019 година. Денес, во автомобили, постојат сензори кои ја мерат потрошувачката на гориво, но тие не се стандардизирани и податоците не се достапни за трети лица. Новите уреди би дозволиле потрошувачката да се мери индивидуално, според реално прикажаното на патот, па соодветно спортски настроените возачи да плаќаат повисоки екотакси и даноци.

Поврзани вести

Back to top button