VW групацијата ќе вложи 73 милијарди за развој на нова технологија
Volkswagen групацијата планира да инвестира 73 милијарди евра во следните пет години кога станува збор за идните технологии како е-мобилност, хибриди и дигитализација
Како дел од оваа инвестиција на VW групацијата, германскиот гигант исто така ќе го зголеми производството на електрични возила и батерии во Германија, додека очекува глобалната економија да расте постепено до 2025 година.
Од овие 73 милијарди евра кои Volkswagen AG ги планира за инвестиции, околу 35 милијарди ќе одат за технологија на целосно електрични возила, додека 11 милијарди се насочени кон развојот на хибридни варијанти, соопшти производителот.
„Како дел од планирањето за инвестиции на Volkswagen групацијата, менаџерскиот и надзорниот одбор денеска го поставија каменот темелник за обезбедување на идниот успех на групацијата. Трансформацијата на Групацијата и нејзините брендови и стратешкиот фокус на клучните делови на мобилност ќе бидат константно имплементирани. Со оглед на огромните предизвици со кои се соочуваме во престојните години, нашата финансиска база е мошне солидна“, изјави претседателот на VW групацијата, Ханс Дитер Поч.
Во меѓувреме, извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дос, додаде дека компанијата сега е „глобален лидер со своите електрични платформи и широкиот опсег на електрични возила“, како и дека во престојните години „ќе бидед клучно исто така да се достигне до лидерската позиција во софтверот за автомобили со цел да се пресеретнат потребите на луѓето за индивидуална, одржлива и целосно поврзана мобилност во иднина. Поради тоа, ние ја удвоивме потрошувачката за дигитализација“.
Во следните 10 години, VW планира да произведе 26 милиони целосно електрични модели за Европа, Кина и САД, со 19 милиони од нив да бидат базирани на MEB платформата на компанијата, а останатите 7 милиони на високоперформансната PPE платформа. Во истиот период, ќе се произведат 7 милиони хибриди.
Германија ќе биде центарот на индустријата
Кога станува збор за софтверот, групацијата ќе се потпре на Artemis проектот на Audi, кој од 2024 година ќе се произведува сопствена софтверска маса. Во меѓувреме, голем дел од финансиите наменети за дигитализација ќе бидат инвестирани во полиња како што се вештачката интелигенција и технологијата за автономно возење.
VW исто така планира да придонесе и за германската економија со тоа што Долна Саксонија ќе ја направи во вториот центар на земјата за електрична мобилност, по Саксонија. Групацијата исто така ќе инвестира околу една милијарда евра во батериска технологија и ќе изгради погон за производство на ќелии со шведскиот партнер Northvolt во 2024.
Во истата година, фабриката во Волфсбург ќе започне со производство на нов SUV наменет за европските купувачи, иако засега не се знае дали ќе биде целосно електричен или не. Погонот во Емден ќе го произведува целосно електричниот VW Aero седам (од 2023), заедно со ID.4 кросоверот.
На крајот, новата генерација на Passat ќе се прави во Братислава, почнувајќи од 2023 заедно со Škoda Superb.