Tesla губи 8.000 долари на минута?!
Секој час од почетокот на годината за Tesla Motors значи загуба од 480.000 долари
Тоа значи дека американскиот производител на електрични автомобили „гори“ 8.000 долари за една минута. Со ова темпо резервите на компанијата ќе бидат потрошени до 6 август 2018, проценува Bloomberg.
Во моментов Tesla троши огромни средства за да се достигне заостанувањето од производствениот распоред на евтиниот Model 3, па загубите не се изненадувачки. Со претставувањето на камионот Semi и новиот Roadster, чие производство треба да почне во 2019 односно 2020 година, трошоците тешко ќе се намалат. Сениор аналитичарот на Bloomberg. Кевин Тинан, предупредува дека трошењето на пари со такво темпо може да придонесе за Tesla загуба од 2 милијарди долари до почетокот на 2018. Затоа се потребни свежи средства кон средината на идната година.
“Не е важно дали ќе минат 10 месеци, или година – имаат потреба од кеш и тоа брзо “, коментира Тинан.
Добрата вест, ако може така да се каже, за Илон Маск е поскапувањето на акциите на автомобилската компанија за 3%, по претставувањето на Semi и Roadster II, со што пазарната капитализација достигна 53 милијарди долари. Во Tesla се убедени дека ќе имаат доволно пари за да произведат 5.000 примероци од Model 3 до април, а потоа очекуваат „значителен прилив на пари”.