fbpx

Kia ги претстави Sorento Yosemite и Zion концептите

Корејскиот производител ги претстави своите „оф-роуд“ концептни решенија базирани на Sorento X-Line наречени Yosemite и Zion

Наречени по двата американски национални паркови, концептите на Kia, Yosemite и Zion се базирани на Sorento X-Line и се модифицирани од страна на LGE-CTE Motorsports.

Почнувајќи со Sorento Yosemite, кросоверот е дизајниран за „авантури на високи возвишувања и планинско живеење“. Се карактеризира со Pine Green екстериер и мат и сјајно црни акценти. Моделот исто така е опремен и со сатенски хромирани странични прагови, покривна шина и LED светлечки единици. На крaјот, тука се и специјално изработените наплатки на сводовите над тркалата и 20-инчните тркала обложени со 32-инчни пневматици за сите терени.

Sorento Yosemite

Sorento Zion од друга страна е во голема мера идентичен, но е наречен „возило за бегство во пустината, направено за совладување на песочните дини“. Како резултат на тоа, се одликува со Desert Sand боја со сјајно црни акценти. Моделот исто така има и носач фиксиран на покривот и двобојни 20-инчни тркала.

И додека возилата се едноставно концепти, тие се базирани на Sorento X-Line кој има унапреден пристап како и подигнат систем на потпирање кој овозможува 211 милиметри клиренс. Моделот исто така се карактеризира со поагресивен карго предел на покривот и унапреден систем за погон на сите четири тркала.

Кога станува збор за регуларниот модел, треба да се напомене дека Kia Sorento доби нов, хибриден Smartstream погон кој комбинира 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец со електромотор со моќност од 44.2 kW и батерија со капацитет од 1.49 kWh. Со ова, вкупната моќност изнесува 230 КС и 350 Nm.

Sorento ќе добие и нов, четирицилиндричен турбодизел кој испорачува 202 КС и 440 Nm вртежен момент. Новиот мотор користи алуминиумски блок, со што е полесен за цели 38 килограми во однос на моторот во минатата генерација на големиот SUV. Овој мотор доаѓа во комбинација со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Поврзани вести

Back to top button