fbpx

Новите Sandero и Logan се најпрефинетите модели на Dacia досега

Префинетоста не е баш прва одлика која потсетува на брендот Dacia, но сосема јасно е дека романскиот бренд направи исчекор со новата генерација на Sandero и Logan

Златно Тркало финалист 2021
Кога Dacia ја лансираше првата генерација на Logan во 2004, а потоа и Sandero во 2007 година, последната помисла беше префинетоста на моделите. Стануваше збор за високо практични, економични семејни автомобили со фокус на евтино одржување и добра потрошувачка на гориво. Но, денеска јасно се гледа напредокот кој романската марка го направи со своите модели.

Dacia Logan Sandero

На почетокот, базичните модели на Dacia Sandero и Logan немаа ниту клима-уред, ABS и серво, и таков беше случајот со години. Прилично сиромашна опрема дури и за тоа време. Денес сето тоа изгледа многу подобро, поквалитетно, а Dacia го следи и чекорот со дизајнерските трендови во автомобилската индустрија. Едноставно, работите се многу подобри со новата, трета генерација на овие возила.

Dacia Logan Sandero

Целосно новите Sandero, Sandero Stepway и Logan се поставени на новата модуларна CMF платформа која му овозможува на производителот да направи три огромни промени. Првата е акустиката, односно Романците значително се потрудија кабината на новитетот да биде многу подобро звучно изолирана. Така, обрнато е внимание на изолација на моторот, како и струењето на воздухот. Dacia наведува дека вибрациите во кабината се намалени во просек за 3-4 децибели. Понатаму, Logan и Sandero добија подобра возна динамика. Така, овој тандем сега има побрза и подиректна реакција на управувачот, со подобра возна динамика.

Dacia Logan Sandero

Возењето ќе биде поудобно со новитетите, а во согласност со тоа е поставувањето на нешто поцврстиот систем на потпирање, отколку што беше случајот досега. Покрај тоа, новите Logan и Sandero поседуваат и низа модерни, како активни, така и пасивни системи за безбедност, пред се AEB, со кој во моментов не можат да се пофалат ни далеку поскапи модели кои се во продажба во Европа.

Поврзани вести

Back to top button