fbpx

Tesla ги објави цените на камионoт

Теслиниот камион Semi беше официјално претставен пред само неколку дена, но не беа истакнати цените. Сега се познати и тие

Теслиниот камион Semi беше официјално претставен пред само неколку дена, но не беа истакнати цените. Сега се познати и тие, на стартот камионот ќе биде достапен во две модификации, од 150.000 и 180.000, а посебната верзија под името Founders Edition ќе чини 200.000 долари.

цените

Сериското производство на камионот ќе започне во 2019 година. Првата модификација ќе понуди километража од 488 километри, а втората – 500 милји (805 км). За споредба, камион опремен со мотор со внатрешно согорување може да мине со едно полнење околу 1.500 километри. Машината се напојува со 4 електрични мотори и забрзува до 100 km/h за 20 секунди. Без приколка, забрзувањето трае само 5 секунди, со што Semi е најбрз камион на планетата.

цените -Вообичаените камиони имаат дизајн на кутија, но Semi е дизајниран како куршум. Тој има забрзување како вистински спортски автомобил, истакна шефот на Tesla Motors, Илон Маск, кој истакна дека цените се повеќе од привлечни?!

Раководството на компанијата веќе преговара со властите во Невада, каде планира да го тестира камионот. Неколку групи електрични карго машини се планираат да бидат на државните патишта за да проверат како се движат во реалниот сообраќај.

Поврзани вести

Back to top button