Audi подготви низа унапредувања за e-Tron и e-Tron Sportback
Германски Audi одлучи да ја унапреди e-Tron и e-Tron Sportback поставата уште еднаш, па така електричните кросовери добиваат нови карактеристики
Еден од новитетите кои Audi ги претстави во низата освежувања за e-Tron и e-Tron Sportback е претставувањето на втор полнач кој ја удвојува моќноста од 11 на 22 kW. Тој веќе е достапен како опција на „55“ моделите и ќе биде лансиран кон средината на 2021 за „50“ и S верзиите исто така.
Новиот полначки конективен систем кој Audi го нуди за домашни услови може да го полни возилото до 22 kW. Користи погодна домашна инсталација, се карактеризира со 5-инчен ekran екран на допир и ѕиден приклучок, а може да се користи и далечински со myAudi апликацијата. Според производителот, може да ги наполни e-Tron 55 и e-Tron 55 Sportback за помалку од пет часа.
Освен ова, полначкиот систем нуди дополнителни функции. На пример, електричниот автомобил може да ги бележи потребите на домаќинството, па со тоа да се полни со преостанатата моќност за да спречи преоптоварување на системот. Исто така, може да се намести да започне со полнење во период кога е евтина тарифа, или ако домот е опремен со систем на соларни панели да се полни користејќи ја струјата генерирана од истиот со следење на временската прогноза. Исто така, вклучена е и PIN заштита за неовластено користење.
Нови технологии и нов сет дизајнерски тркала
Друга новина е унапредениот управувач, со фокус на обрачот кој е чувствителен на допир за адаптивниот темпомат. Возачите ќе треба само да го допрат еднаш на секоја минута со цел да се осигураат дека системот останува активен, иако се уште ќе бидат целосно одговорни за управувањето на e-Tron, велат од Audi. Системот користи податоци колектирани во реално време со цел да го одржува автомобилот центриран во својата лента и да му асистира на возачот со забрзување, сопирање, одржување на брзината и одржување на дистанца со возилото пред него.
Унапреден е и опсегот на тркала, па така освен стандардниот 20-инчен и опционалниот 21-инчен сет, компанијата лансираше нови петкраки 9,5х22-инчни тркала со пневматици 265/40.
Освежените Audi e-Tron и e-Tron Sportback веќе се достапни за нарачка, а испораките ќе започнат кон крајот на годината.