fbpx

Електричниот градски автомобил на Volkswagen доаѓа до 2023

Volkswagen планира да претстави нов, високо достапен електричен „народен“ автомобил кој ќе биде почетниот модел во нивниот електричен опсег

Германскиот гигант Volkswagen сака да ги доближи електричните возила до сите, а поради тоа планира лансирање на мал, поволен градски електричен автомобил кој ќе можат да си го дозволат поголем број на клиенти. Новиот мал електромобил ќе користи почиста верзија на MEB платформата на која се поставени ID.3 и ID.4 SUV моделот, дизајнирана да прифати батериски пакувања со капацитет до 43 kWh.

Ова е главна цел за Volkswagen, кој мисли дека со додавањето во својата понуда на достапен електричен автомобил нивните долгорочни цели за продажба ќе добијат масивна поддршка, а исто така ќе можат да ги исполнат и своите таргети кога станува збор за пресретнување на регулативите за емисијата на CO2.

Volkswagen

Поевтината верзија на MEB платформата ќе биде користена за две нови електрични возила – градски автомобил и компактен хечбек кој најверојатно ќе ги добијат ID.1 и ID.2 имињата и ќе бидат маркетирани заедно со регуларните модели со мотори на внатрешно согорување како Polo.

Volkswagen како таргет за цената на своите возила има поставено сума под 20.000 евра за градскиот автомобил и под 25.000 евра за хечбекот. Двата нови електрични модели се очекува да пристигнат на пазарот во 2023 година, а најверојатно претходно ќе бидат претставени како концепти.

Извршниот директор на Volkswagen, Ралф Брендштетер истакна дека ќе соработуваат со разните кинески партнери за да понудат што е можно повеќе достапни електрични автомобили, специјално дизајнирани за тој пазар и дека „MEB lite“ платформата исто така ќе овозможи голем број на евтини електромобили за останатите брендови од компанијата.

„Работиме на концепти за помалите сегменти. Ќе зборуваме наскоро. Автомобилите во помалите сегменти се важни и многу интересни за нас“, додаде Брендштетер.

Поврзани вести

Back to top button