fbpx

Audi го покажа освежениот SQ5 Sportback TDI за Европа

Audi ја лансира освежената постава на Q5 Sportback и SQ5 Sportback TDI во Европа, притоа покажувајќи дека не се откажува од своите TDI модели

Кога Audi го претстави Q5 Sportback кон крајот на септември, покажа фотографии само од „обичната“ верзија, притоа напоменувајќи го SQ5. Германската компанија сега ја најавува освежената постава за Q5 и SQ5 Sportback со нова доза фотографии и детали за европскиот пазар.

И додека SQ7 и SQ8 прејдоа на бензински погон, помалиот SQ5 ја задржува својата дизел карактеристика. Така, автомобилот се напојува со 3,0-литарски V6 TDI мотор кој развива 341 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Audi SQ 5 Sportback

Засега нема информации за уште помоќната верзија RS Q5 Sportback, така што SQ5 засега е моделот кој е на врвот во понудата. На овој автомобил му се потребни 5,1 секунда за да го достигне спринтот од нула до „стотка“ и да достигне максимални електронски ограничени 250 километри на час. Моќноста се пренесува преку осумстепен автоматски менувач на сите четири тркала благодарение на Quattro системот. Дизелскиот мотор е опремен со благ хибриден систем, па комбинираната потрошувачка изнесува околу седум литри на 100 прејдени километри.

Audi SQ 5 Sportback

Со оглед на тоа дека веќе го знаеме изгледот на освежениот SQ5 TDI кој беше претставен нешто претходно, стајлингот на SQ5 Sportback не е некакво изненадување.

Детали за Q5 Sportback

Исто така, Q5 Sportback може да се пофали и со нешто подобар коефициент на отпор од 0,30 благодарение на поинаквата форма на каросеријата. Европските купувачи, покрај погоре споменатата верзија која е резервирана за SQ5 Sportback, ќе добијат опција да бираат и уште помеѓу три агрегати за Q5 Sportback. Тука е вклучен 2,0-литарскиот дизел со 204 КС и 400 Nm вртежен момент во комбинација со 12 волтен благ хибриден систем, како и 2,0-литарскиот TFSI бензинец со 265 КС и 370 Nm во комбинација со 12 волтен благ хибриден систем. На врвот е 3,0-литарскиот TDI модел со осумстепен автоматски менувач со перманентен Quattro систем за погон на сите четири тркала. Audi ќе понуди и втора варијанта на 2,0-литарскиот TDI мотор во следните неколку месеци.

Audi исто така ќе понуди и опција за адаптивен воздушен систем на потпирање за купувачите. Воздушниот ситем на потпирање во Q5 Sportback може да го зголеми клиренсот на возилото за 45 милиометри. Како додаток на тоа, опционалниот систем може и да ја спушти каросеријата за 15 милиметри при повисоки брзини.

Ентериерот е стандарден како кај Q5, а тоа значи трета генерација на MIB инфозабавниот систем кој користи 10,1-инчен екран на допир во највисокиот трим, во комбинација со 12,3-инчна дигитална инструмент табла.

Audi најави дека ги прима нарачките за освежените Q5 Sportback и SQ5 Sportback, а првите примероци се очекува да бидат испорачани во првата половина од 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button