fbpx

Dacia подготвува хибриден SUV со седум седишта за следната година

Не е никаква тајна дека романскиот бренд Dacia подготвува голем SUV модел кој ќе биде позициониран над Duster во нивната гама

Со речиси 29.000 продадени единици минатата година во Европа, Dacia Lodgy и не е така популарен како останатите модели на брендот, поради што романскиот производител реши да го укине истиот. Со укинувањето на MPV моделот нема да остане дупка во понудата, бидејќи раководството на Dacia, односно на Renault групацијата, одлучи Lodgy да го замени со далеку попопуларен SUV модел, кој според најавите ќе биде со седум седишта.

Според француските медиуми, кодното име на моделот е RJI и истиот ќе биде базиран на CMF-B платформата која е споделена и со новата генерација на Logan и Sandero, како и на најновиот Renault Clio, Captur и Nissan Juke. Со цел да се постават две дополнителни две седишта, се очекува моделот да има подолго меѓусовинско растојание.

Моќноста се очекува да биде извлечена од регуларниот 1,0-литарскиот TCe бензински мотор со 100 и 120 КС, како и 1,3-литарскиот TCe со моќност од 140 и 160 КС, со тоа што последниот би можел да добие и 12-волтаичен благ хибриден систем. LPG верзијата на помалиот мотор се подразбира уште од лансирањето, заедно со 1,6-литарскиот E-Tech самополнечкиот хибриден погон од Clio со моќност од 140 КС. Интересно е што во понудата ќе бидат само бензински агрегати, што е малку чудно за така голем SUV кој се очекува да биде подолг од 4,5 метри.

Француските медиуми најавуваат дека Dacia ќе го претстави новиот модел во текот на летото следната година, а производството ќе започне во октомври. Првите примероци се очекува да бидат испорачани во 2022 година. Инаку, Dacia Lodgy се произведуваше во Мароко, но новиот SUV кој допрва треба да го добие своето име ќе се произведува во Романија.

Поврзани вести

Back to top button