R-Reforged ги претстави првите Aston Martin V12 Zagato модели
Првиот пар од Aston Martin V12 Zagato Heritage Twins од R-Reforged се претставени како прототипи од Андреа и Марела Загато и се резервирани за приватната колекција на Zagato
Купе и speedster варијантите на Aston Martin V12 Zagato Heritage Twins се дел од ограничената серија од 19 пара направени со цел да се прослави јубилејот на Zagato и секој од нив ќе биде направен рачно од страна на R-Reforged во нивниот нов објект во Варвик, Велика Британија. Двата автомобили кои се први претставени ќе бидат прикажани во Aston Martin во Сент Гален, Швајцарија до Нова година.
Автомобилите се напојуваат со 5,9-литарски V12 мотори со моќност од околу 600 КС, што е 80 КС повеќе од стандардните верзии, и се карактеризираат со нов аеродинамичен стајлинг и специјално персонализиран ентериер.
„Есенцијата на овој проект беше да се креира совршената ‘гаража’ која се состои од два посакувани и колекциски автомобили – Coupe и Roadster. Ограничени на само 19 парови во чест на годината во која Zagato е основан, Aston Martin V12 Zagato Heritage Twins од R-Reforged одбележува значаен јубилеј за миланското ателје. И покрај тоа што имаме креирано преку 450 модели од нашето формирање, ние го избравме Aston Martin, кој со сигурност е нашиот најпрестижен партнер во изминатите 50 години, за да ја одбележиме оваа прослава. Соработката со R-Reforged осигурува дека можеме да креираме инстантен класик“, вели Андреа Загато.
Специјален стајлинг за специјална пригода
Првото нешто што се забележува кај Zagato Heritage Twins by R-Reforged е агресивниот изглед, а тоа пред се се должи на фактот дека автомобилите се спуштени за 10 милиметри и имаат 20 милиметри поголема трага. Тркалата се со димензии од 19 инчи и се обложени со Michelin Pilot Sport 4S пневматици.
Аеродинамичките унапредувања се составени од новиот преден сплитер и активниот спојлер кои го комплементираат ревидираниот стајлинг, додека внатрешноста плени со богати материјали, како што е кожа од највисоко ниво која е достапна во речиси секоја боја, но и специјални шеми и текстури. Меѓу другите новитети тука е и подолгото предно заштитно стакло за Speedster моделот.