fbpx

Новиот Hyundai i10 во продажниот салон на Ми-Да

Новата генерација на „минито“ на Hyundai, моделот i10, отсега е достапно за македонската јавност и се наоѓа во продажниот салон на Hyundai во Македонија

Новиот Hyundai i10 пристигна во Македонија, a Авто Плус имаше можност да го забележи на лице место во продажно-изложбениот салон на Hyundai во нашата земја, во рамките на Ми-Да комплексот.

Третата генерација на малиот градски автомобил на Hyundai дебитираше минатата година на Салонот во Франкфурт, а сега е достапен и за македонските купувачи. Новиот i10 е развиен и произведен во Европа и притоа пристигнува со неколку промени на ентериерот и екстериерот.

Hyundai i10

Уште на стартот го забележавме новиот динамичен изглед на автомобилот. Модификациите опфаќаат промени во димензиите, па така покривната линија сега е спуштена за 20 милиметри, а зголемена е и ширината за дополнителни 20 милиметри. Со ова, малиот градски хечбек добива нов и поатрактивен облик, а за дополнителна привлечност се задолжени новите 16-инчни алуминиумски тркала кои се нудат како опција.

Предницата се одликува со широка предна маска каде се инкорпорирани кружните LED светла. Купувачите ќе можат да бираат меѓу 10 бои на екстериерот меѓу кои и Dragon Red, Aqua Turquoise, Star Dust и Sleek Silver, а Hyundai како опција нуди и двобојна каросерија со црн или црвен финиш на покривот.

Две моторни единици и четири нивоа на опременост

Внатрешноста исто така е ревидирана. На централната конзола се наоѓа 8,0-инчниот екран на допир со Apple CarPlay и Android Auto конективност, додека управувачот останува со трикрак дизајн. Hyundai i10 пристигнува и со асистенција за избегнување на судир, асистент за долго светло, систем за одржување на коловозната лента, предупредување за внимателност на возачот и предупредување за ограничувања на брзината.

Hyundai i10

Новиот i10 пристигнува со две моторни единици и тоа 1,0-литарскиот MPi трицилиндерски мотор со 66 кС и 96 Nm максимален вртежен момент, а тука е и поголемиот 1,2-литарски MPi четирицилиндерски мотор со 88 КС и 118 Nm максимален вртежен момент. Двата мотори можат да се комбинираат со петстепен рачен или петстепен автоматски менувач. Кога станува збор за нивоата на опременост, во понудата се наоѓаат Comfort, Style, Premium и Impression. Во зависност од моторната единица и нивото на опременост, цените за Hyundai i10 во Македонија движат од 11.300 до 14.200 евра.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Hyundai во рамките на Ми-Да комплексот, или посетете го официјалниот сајт.

Поврзани вести

Back to top button