fbpx

Започна производството на новата Lada Niva Travel

Рускиот производител Avtovaz ја започнува производствената фаза на рестилизираната Lada Niva Travel

Ситуацијата со Lada Niva e малку комплицирана. Имено, SUV легендата на советската автомобилска индустрија изворно е пласирана под називот Niva, додека подоцна го промени името во 4х4. Во текот на 90-тите години компанијата успеа да развие и наследник, моделот VAZ-2123. По спојувањето на Avtovaz со General Motors, Chevrolet го добива правото на името Niva, но откако Avtovaz во 2019 станува целосен сопственик на заедничката компанија, рускиот производител го забрзува целиот процес за ребрендирање, но и производство на новиот Lada Niva Travel.

Рестилизацијата е направена во краток период, откако помина само една година по раскинот на партнерството меѓу GM и Avtovaz, а причина за тоа е што Lada делумно одлучи да го примени проектот за втората генерација на Chevrolet Niva. Токму затоа овој модел не го доби новиот корпоративен заштитен знак и дизајнерски елемент во облик на буквата Х како што е случајот кај моделот Vesta.

Niva Travel

Во секој случај, производството на Lada Niva Travel е започнато оваа недела во Русија каде набилданата „оф-роуд“ верзија прва се најде на производствената лента. Опремена со стандарден „перископ“, со цел лесно да се справи со местата каде што има подлабока вода, пластични облоги над тркалата и „оф-роуд“ гуми, а не треба да се заборави секако и перманентниот систем за погон на сите четири тркала.

Не може, а да не се спомене дека предниот дел на прв поглед јасно асоцира на Toyota RAV4, пред се поради новите модерни фарови и редизајнираната хауба на Niva Travel. Решетката е многу поголема од претходно, а сводовите над тркалата се поголеми. На задниот дел се наоѓаат full-LED светла, a Lada направи промени и на браникот.

Niva Travel ќе добие две верзии

Покрај теренското издание, Lada Niva Travel ќе добие и „цивилна“ верзија. Ентериерот нема да биде изменет, со исклучок на некои елементи, како што е новиот мултимедијален систем и ревидираните седишта. Повеќе информации Lada се очекува да објави подоцна, но погонот најверојатно ќе биде исклучиво на сите четири тркала и со можност за заклучување на задниот диференцијал. Теренецот ќе се напојува со 1,7-литарскиот бензински агрегат како и претходно кој испорачува 80 КС и 127 Nm максимален вртежен момент во комбинација со петстепен мануелен менувач.

За крај, треба да се напомене дека оваа Lada Niva Travel не треба да се помеша со класичниот „оф-роуд“ модел кој го носеше овој назив, бидејќи тој модел сега се продава под името 4х4 и го нема променето својот легендарен изглед, со исклучок на некои ситници. Niva Travel беше најавен во 2018 година на Салонот во Москва, каде Avtovaz го покажа и 4х4 Vision концептот, но се уште се чека продукцискиот модел.

Поврзани вести

Back to top button